понеделник, 20 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: работодавачи | 20 резултати

УЈП: Казни за 179 работодавачи кои добиле над 85 илјади евра за исплата на плати, а не ја поделиле на 338 вработени

декември 14, 2020

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска информираше за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец октомври 2020 година. Таа посочи дека во овој месец се поднесени  13.819 барања БФП-ИП/2, и на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени. Вкупно 179 работодавачи, кои […]

Владата ја објави листата со фирми кои добија државна помош, а не исплатиле плати на работниците

јули 30, 2020

Владата ги објави имињата на компаниите на кои им беше исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Претходно, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес-конференција ја обелодени информацијата за работодавачите кои добиле државна помош, но не ја исполниле обврската за исплата на плата на […]

Синдикати: Кривична одговорност за работодавачите кои зедоа државни пари за плати, а не ги исплатија работниците

јули 29, 2020

Шест синдикати, неколку здруженија и асоцијации ги осудија сите работодавачи кои зедоа државни пари за исплата на плати, а не им ги дадоа на своите вработени. Во нивното заедничко соопштение се вели дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата од ковид-19 беше да се зачуваат работните места на […]

Лукаревска: Во април и мај 708 работодавачи добиле државна помош, а не исплатиле плати на 1.706 работници

јули 28, 2020

За месец април, на 19.780 работодавачи им се исплатени вкупно 1.793.207.603 денари државна помош за вкупно 128.315 вработени, но 281 работодавачи од нив, кои примиле финансиска поддршка во износ од 9.995.565 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, изјави денеска на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. […]

Мичиген не донесе закон за задолжително чипирање на луѓето

јули 8, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Инспекторите минатата седмица со 3.086 надзори, изрекле дури 150 мерки

мај 5, 2020

Шесте инспекциски служби во надлежност на Инспекцискиот совет во периодот од 27 април до 3 мај направиле 3.086 надзори за почитувањето на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот Ковид-19, и притоа се изречени речиси 150 мерки или опомени, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска. Притоа, пазарните инспектори затвориле 4 угостителски […]

Родителите што ги чуваат децата, ќе мора да работат од дома

март 12, 2020

Министерството за труд и социјална политика ја измени мерката за ослободување од работа на вработените лица во институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, односно за еден од родителите, ако се двајца, како и за самохраните родители во следните две седмици да бидат дома со децата, […]

Хелсиншки: Законот за минимална плата не гарантира дека работниците ќе ја добијат

септември 20, 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска изрази загриженост од измените на Законот за минимална плата бидејќи, иако таа е зголемена на 12.000 денари, сепак, во законот и понатаму остануваат одредбите за исполнување на нормиран учинок како услов за исплата на минималната плата. Поради ова, велат од Хелсиншки, Законот не нуди гаранција дека работниците од сите […]

Забрана за работа на 84 работодавци кои не ги почитувале препораките за топлотен бран

август 7, 2017

Министерството за труд и социјална политика информираше дека од 4 до 6 август државните инспектори за труд од областа безбедност и здравје при работа, извршиле вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавци за почитување на препораките за топлотен бран, при што донеле 84 забрани за работа на работодавци кои не ги почитувале препораките да не се […]

МТСП: Работодавците да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време

јули 1, 2017

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска ги повика работодавците да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно од топлотниот бран кој ја зафати земјава. На работодавците, како што стои во соопштението од МТСП, им се препорачува да го реорганизираат […]

Бизнисмените очекуваат институциите да функционираат и да се реши кризата

декември 15, 2016

Домашниот бизнис во текот на 2016 година, поради политичката криза и нефункционирањето на институциите, изгуби драгоцено време и можност да оствари позначителен пораст. Ова, меѓу другото, беше кажано на дискусијата на седницата на управниот одбор на Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), на која се оценуваше годината што изминува и воедно се даваа предлози што ќе […]

Подобри услови и поголеми плати за текстилните работнички, бара здружението „Гласно“

декември 8, 2016

Вработените во конфекциите во Штип, иако е неработен ден, по повод државниот празник 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, денеска беа на своите работни места. Поради ова штипското здружение „Гласно“ организираше протест на кој симболично на транспаренти беа поставени работнички мантили. Протестот, како што велат од здружението, е обид да се крене гласот […]

К-15 нема да биде задолжителен

јули 14, 2015

Регресот за годишен одмор, односно К-15, повеќе да не биде задолжителен, договорија денеска Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци. Во согласност со договорот, исплаќањето на К-15 ќе зависи дали тоа е утврдено во договорот меѓу вработените и работодавците.

Синдикатите разговараат дали ќе се укине К15

јуни 8, 2015

Организацијата на работодавци на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ги почнаа разговорите за измени и за дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. – Од социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања, од кои и за регресот за годишниот одмор. Ставовите беа насочени кон прашањата за начинот […]

Спасов: Илјадници граѓани ќе се спасат од злоупотребата на работодавците

декември 23, 2014

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска повтори дека Владата нема да ја одложи мерката за социјалното осигурување за лицата со приходи врз основа на договори за дело и на авторски договор. – Жално е што одредени политички структури со искажување манипулации, невистини и навреди сакаат да добијат лични и политички поени, критикувајќи една […]

Намалена невработеноста во САД

ноември 7, 2014

Нови 214.000 работни места отвориле работодавците во САД, а стапката на невработеност се спушти на ново најниско ниво за шест години, од 5,8 отсто, објави во петокот американското министерство за труд. Со тоа продолжи солидното темпо на вработување во најголемата светска економија, во која во изминатите девет месеци нето-бројот на отворени работни места редовно надминуваше 200.000.

Страна 1 од 1