fbpx

Нови 213 случаи на Ковид-19, починати 26 лица, оздравени 632

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-103, Куманово-16, Штип-9, Прилеп-9, Тетово-16, Струга-4, Велес-5, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-19, Гостивар-9, Струмица-3, Радовиш-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од: Скопје-169, Куманово-33, Штип-36, Прилеп-57,  Тетово-21, Струга-20, Велес-33, Битола-43, Охрид-26, Кавадарци-27, Гостивар-34, Гевгелија-13, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-4, Валандово-4, Виница-3, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-25, Ресен-8 и Неготино-19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60г), тројца од Куманово (62, 72 и 80г), еден од Прилеп (70г), четири пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60г), еден од Струга (62г), тројца од Битола (80, 60 и 66г), еден пациент од Охрид (69г), еден од Гостивар (69г), еден од Струмица (80г), еден од Крушево (69г), еден од Виница (58г), еден од Делчево (78г) и еден пациент од Свети Николе (69г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.851, бројката на оздравени пациенти е 50.046, на починати е 2.147, а бројот на активни случаи изнесува 21.658.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...