fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Тројца загинати, меѓу кои и 11-годишно девојче, во руски ракетен напад врз Кијив

Три лица загинаа, меѓу кои и 11-годишно девојче, во нов ракетен напад што Русија изминатава ноќ го извршила врз Кијив, пренесува Би-би-си. Украинската новинска агенција Укринформ, пак, повикувајќи се на најновите податоци од Националната полиција на Украина, објави дека девојчето имало 9 години. Во нападот наводно биле вклучени 10 проектили со краток дострел „Искандер“, а сирените за предупредување се вклучиле...

Руската рафинерија за нафта во Краснодар во пламен, нападнат и Белгород

Еден ден откако Русија ја обвини Украина дека испратила беспилотни летала за да напаѓа згради во Москва, гувернерот на руската област Краснодар рече дека беспилотно летало е најверојатно причина за пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски. Пожарот набрзо бил изгаснат и во него нема жртви, изјави гувернерот Вениамин Кондратиев, а пренесува Укринформ. Рафинеријата Афипски се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште...

Дронови оштетија згради во Москва, во Кијив трет напад за 24 часа

Русија ја обвини Украина дека извршила серија напади со беспилотни летала рано утрово врз Москва. Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека Кијив организирал „терористички напад“ користејќи најмалку осум дронови, пренесува Би-би-си. Градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин, вели дека е причинета штета на неколку згради, но дека никој не е сериозно повреден. Министерството за одбрана на Русија тврди...

Кијив втора ноќ под воздушни напади, руски ракетни носачи во Црното Море на готовс

Во воздушни напади утрово, Русија погоди воена цел во западниот украински регион Хмелницки, а спасувачите сè уште се борат да ги локализираат пожарите, јавува „Гардијан“. Повикувајќи се на изјава на регионалниот гувернер на Хмелницки на апликацијата за пораки Телеграм, Ројтерс објави дека во моментов се ставаат под контрола пожарите во складишта за гориво и муниција. Во меѓувреме, украинскиот главен град ја...

Вооружена група го нападна рускиот пограничен регион Белгород, Украина отфрла одговорност

Вооружена група преминала од Украина во рускиот регион Белгород, каде во судири биле повредени голем број луѓе. „Легијата на слободата на Русија“, која себеси се опишува како милиција против Кремљ, вели дека сака да ја ослободи Русија од Владимир Путин. Борби избувнаа долж руско-украинската граница, откако самонаречените руски партизански сили тврдат дека за првпат во војната презеле погранично село во...

Нови воздушни напади врз Украина, Зеленски тврди дека Бахмут не е окупиран од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничката група Вагнер поддржана од Москва рече дека ја презела контролата врз овој украински град. Зеленски ова го кажа за време на посетата на Хирошима, Јапонија, каде се одржа Самитот на најразвиените земји Г7, пренесува Би-би-си. Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно зборуваше за победа во Бахмут,...

Споменикот во Валандово нема никаква врска со сатанизмот, туку со земјотресот од 1931 г.

Споменикот поставен во центарот на Валандово е составен од обелиск и пентаграм, но тој нема никаква врска со сатанизмот. Тој е поставен во 1931 година, во чест на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафатил гратчето истата година. Во тој период, Валандово било под српска власт, која помогнала за возобновување на гратчето, и во тој контекст била и посетата...

Грујичиќ: Неколку пациенти повредени во двата масакра во Србија се во животна опасност

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во гостување на утринскиот дневник на Радоиотелевизија Србија (РТС) изјави дека двајца пациенти повредени во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба. Таа посочи и дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ сè уште е во критична состојба и е витално загрозено. Пациентите сместени во смедеревската болница...

Најмалку 12 загинати во новиот бран руски ракетни напади врз Украина

Најмалку 12 лица загинаа при руските воздушни напади што рано утринава погодија повеќе градови во Украина, вклучувајќи го и главниот град Кијив. Од нив, десет луѓе загинале во централниот град Уман, откако проектили погодиле станбени згради, пренесува Би-би-си. Во градот Днипро загинале две лица, меѓу кои и едно дете, а уште тројца се повредени во ракетниот напад, јави Укринформ. Експлозии имало...

Во Харкив убиен новинар, во ракетен напад во Миколаив еден загинат и 23 повредени

Еден цивил е убиен, а 23 се повредени во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Миколаив што се случи синоќа, јави дописникот на Укринформ, повикувајќи се на извештај на украинската Јужна оперативна команда. Според извештајот, нападот бил извршен од Црното Море со ракети од типот „Калибр“, а испукани биле четири проектили. Покрај загинатиот и повредените, уништени се и куќи, како...

Шестмина загинати во Грција во судир предизвикан од возило со нелегални мигранти

Шест лица ги загубија животите а шест се повредени во страотна сообраќајна несреќа во североисточна Грција, близу градот Александруполи, јави грчката државна телевизија ЕРТ. Директниот судир на автопатот „Егнатиа“ се случил поради автомобил ауди А4, што превезувал илегални мигранти и во кој имало вкупно 10 луѓе. Тој влетал во спротивната лента на излезот од автопатот кај Макри со огромна брзина,...

Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Тројца Македонци и еден Италијанец се жртви во сообраќајната несреќа што вчеравечер, на Велигден, се случи во градот Асти во регионот Пијемонт во Италија. Како што јавуваат локални италијански медиуми, судирот се случил на провинцискиот пат 456, кој од Ница Монферато води кон Монтегросо и Асти. Во еден од автомобилите што учествувале во несреќата имало тројца мажи со македонска националност...

Руските загуби во Украина се искачија на 176.630 војници

Русија од почетокот на воената инвазија врз Украина која почна на 24 февруари 2022 година, загубила 176.630 свои војници, сооопшти Генералштабот на украинските вооружени сили, пренесува украинската државна новинска агенција Укринформ. Русија, според украинските сили, загубила и 3.631 тенк, 7.013 оклопни борбени возила, 2.714 артилериски системи, 306 авиони, 292 хеликоптери, 18 воени бродови и 2.287 беспилотни летала (дронови). Инаку, во текот...

Русија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, за Украина ова е „најлошата првоаприлска шега“

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и покрај тоа што Украина ги повика членките да го блокираат потегот. Секоја од петнаесетте земји-членки на Советот за безбедност го презема претседателството на еден месец, по ротирачки модел. Последен пат кога Русија претседаваше, во февруари 2022 година, земјата започна целосна инвазија на Украина. Тоа значи дека Советот за...

Улични борби во Бахмут, беснее битка за контрола на градот

Руските и украинските сили се борат на улиците на Бахмут кој се наоѓа во Донецкиот регион во источниот дел на Украина, но Русија не го контролира градот, изјави заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександр Марченко за Би-би-си. Во градот со месеци се водат борби, додека Русија се обидува да ја преземе контролата. Заземањето на Бахмут би било редок успех на бојното поле во...

Продолжуваат протестите во Грција по железничката несреќа во која загинаа 57 лица

Илјадници студенти излегоа на улиците во повеќе грчки градови, а некои демонстранти во Атина се судрија со полицијата. Протестите во Грција се интензивираа неколку дена по најсмртоносната железничка катастрофа во земјата, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Најголемиот протест вчера се случи во централниот грчки град Лариса, недалеку од местото на несреќата, каде мирно маршираа неколку илјади луѓе. Во Атина, полицијата за борба...

Истрагата за железничката несреќа во Грција завршува, досега 57 загинати

Потврдената бројка на загинати лица во тешката железничка несреќа што во вторникот пред полноќ се случи во долината Темби во Грција е 57, според пожарникарите и полицијата, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Од загинатите, досега се идентификувани 36 луѓе, а полициската портпаролка Константина Димоглиду изјави дека оние што првично биле категоризирани како исчезнати се вклучени во бројката на загинати. Моментално, 38 од...

Бројката на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 луѓе

Иако последната официјална бројка на загинати што ја соопштуваат пожарникарите е 46, како што беше објавено пред неколку часа, трагичниот биланс од судирот на двата воза во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ е многу поголем, и изнесува 57 загинати луѓе, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Имено, малку по 16 часот по грчко време, директорката на Судска...

Расте бројката загинати во несреќата во Грција, денеска протести низ земјата

Бројката загинати во судирот на патнички и товарен воз во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ се искачи до 46 лица, според официјалната информација од пожарникарските екипи на местото на несреќата, пренесува весникот „Катимерини“. Од утрово, од вагон-ресторанот, кој бил здробен од вториот вагон во композицијата се извлечени уште седум изгорени тела, соопшти Василис Ватракојанис, офицер...

Бројката на загинати во судирот на возовите во Грција се искачи на 43

До утрово, бројката на жртви во тешката железничка несреќа во Грција, која се случи завчера пред полноќ, кога во долината Темби директно се судрија патнички и товарен воз што по грешка биле насочени на ист колосек, се искачи на 43, од кои 11 се идентификувани, јави грчкиот весник „Катимерини“. И утрово продолжи расчистувањето на огромното количество крш и потрагата по...