fbpx

Нови воздушни напади врз Украина, Зеленски тврди дека Бахмут не е окупиран од Русија

Војната во Украина доминираше на тридневниот самит на лидерите на Г7, каде Зеленски се сретна со неколку светски лидери за да лобира за поголема поддршка за неговата земја

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничката група Вагнер поддржана од Москва рече дека ја презела контролата врз овој украински град. Зеленски ова го кажа за време на посетата на Хирошима, Јапонија, каде се одржа Самитот на најразвиените земји Г7, пренесува Би-би-си.

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно зборуваше за победа во Бахмут, но украински воени извори за Би-би-си изјавиле дека сè уште имаат контрола врз неколку згради на периферијата на градот.

„Гардијан“ пишува оти е невозможно да се проверат спротивставените изјави за разурнатиот град, кој има симболично значење како мерка за тоа која страна преовладува во војната.

Зеленски за време на посетата на Самитот на Г7 направи споредба меѓу Хирошима и Украина, велејќи дека сликите од јапонскиот град во урнатини по бомбардирањето со атомската бомба го потсетуваат на денешниот Бахмут. Тој вети дека ќе има слична обнова и на Украина.

Војната во Украина доминираше на тридневниот самит на лидерите на Г7, каде Зеленски се сретна со неколку светски лидери за да лобира за поголема поддршка за неговата земја.

САД објавија дека ќе им дозволат на своите западни сојузници да ја снабдуваат Украина со напредни борбени авиони, вклучително и Ф-16 од американско производство.

Во изминатото деноноќие Русија продолжи со напади врз повеќе украински региони.

Регионот Запорижја бил гранатиран 75 пати во текот на вчерашниот ден, пренесува Укринформ. Според „Гардијан“ кој се повикува на изјава на локален функционер инсталиран од Русија во делот на регионот контролиран од Москва, нуклеарната централа во Запорижја и генераторите за снабдување со електрична енергија се ставени во состојба на подготвеност.

Руските војници извршиле 57 напади врз регионот Херсон, при што загинал еден цивил, изјавил шефот на Регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин, пренесува Укринформ.

Убиени биле двајца жители на регионот Доњецк, каде повредени се уште шестмина.

Крстосувачки ракети и беспилотни летала во текот на изминатава ноќ биле насочени и кон украинскиот град Днепропетровск. Дел од оружјето било пресретнато од страна на воздушната одбрана на Украина. Во нападите е повреден 27-годишен маж, кој сега се лекува во болница. Оштетени се неколку згради во базата на итната служба, повеќе од 10 камиони за итни случаи, како и 25 приватни автомобили и 2 автобуса, објави Укринформ.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, воздухопловните сили на оваа земја извршиле 14 напади врз непријателските кластери, при што таргетирале и руски системи за воздушна одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...