fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Зеленски: Американските и германските системи за противвоздушна одбрана се многу ефикасни

Системите за противвоздушна одбрана донирани на Украина од Германија и САД веќе дадоа значителни резултати, соборувајќи значителен број руски ракети и беспилотни летала во текот на минатата недела, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање. Американскиот „Патриот“ и германскиот „Ирис-Т“, според Зеленски, биле моќни и многу ефикасни системи, пренесува Гардијан. „Овде, на нашето небо, можеме да докажеме дека теророт...

Единаесет загинати во Пекинг, четврти ден обилни дождови го преплавуваат градот

Единаесет лица загинаа поради обилните врнежи во Пекинг, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на кинески државни медиуми. Немилосрдните дождови во главниот кинески град продолжуваат веќе четврти ден. Уште 27 лица се водат како исчезнати до овој момент, објави државната кинеска телевизија „CCTV“, откако тајфунот Доксури донесе непрекинати врнежи и поплави во северниот дел на Кина. Водостојот на реките достигна опасни нивоа, што...

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле...

Двајца загинати во експлозии на Кримскиот мост, Русија ја обвини Украина за нападот

Две лица биле убиени, а нивната ќерка ранета во напад на Кримскиот мост што се случил утрово. Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот на мостот кој претставува „артерија“ за руските војници кои се борат во Украина и престижен проект што го водеше рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Ројтерс. На железничкиот мост долг 19 километри биле пријавени експлозии, по...

Кијив повторно нападнат со дронови, трета ноќ по ред

Ноќеска, трет ден по ред, украинскиот главен град Кијив беше повторно цел на руски напади, при што украинската противвоздушна одбрана неутрализирала десетина непријателски летала, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на Воената администрација на градот Кијив. „Три дена по ред, Кијив беше нападнат со Шахиди (дронови произведени во Иран). Минатата ноќ беше извршен најголемиот напад со ирански дронови....

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Непал близу Монт Еверест

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Непал, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на изјава на портпаролот на меѓународниот аеродром Трибхуван во главниот град Катманду. Во хеликоптерот на компанијата „Manang Air“ (Мананг Ер) се наоѓале пет мексикански патници и непалски пилот, изјавил портпаролот Текнат Ситула. Ројтерс пишува дека „Мананг Ер“ им нуди услуги на туристите кои сакаат поглед на планинските врови на...

Шест лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Милано

Во катастрофален пожар во дом за нега во италијанскиот град Милано загинаа шест лица, а повеќе од 80 се повредени. Пет жени и еден маж се жртви во пожарот, кој започнал во 1 часот по полноќ во петокот во домот за нега на стари лица, во кој имало 167 жители, пренесува Гардијан. Шефот на пожарникарите, Никола Мицели, за италијанската телевизија...

Во Хаг почнува со работа Меѓународниот центар за истрага на војната во Украина

Денеска во Хаг се отвора Меѓународна канцеларија за истрага на руската инвазија врз Украина, како прв чекор кон можен суд за раководството во Москва, јавува „Гардијан“. Во Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресијата учествуваат обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд, објави агенцијата Франс-прес. Центарот ќе истражува и ќе собира докази, а неговите активности се сметаат за...

Оддавање почит на загинатите во несреќата со „Титан“, не се знае кога се случила имплозијата

Семејствата, пријателите и колегите на петте лица за кои се верува дека загинале во „катастрофалната имплозија“ на подморницата „Титан“ која нурнала кон „Титаник“, им оддаваат почит на своите блиски. По неколкудневни воздушни и подводни пребарувања, доцна синоќа канадско роботско подводно возило открило поле со остатоци од подморницата „Титан“ на околу 400 метри од потонатиот брод „Титаник“. Претставници на американската крајбрежна стража...

Пронајдени остатоци од исчезнатата подморница, сите пет лица загинале

Петте патници на исчезнатата подморница „Титан“ загинаа, изјави претставник на американската крајбрежна стража вечерва, соопштувајќи оти во близина на потонатиот брод „Титаник“ се откриени остатоци за кои се претпоставува оти се од подморницата. Остатоците биле лоцирани со далечински-управувано возило за подводно пребарување на околу 480 метри од остатоците на бродот „Титаник“. Откриени биле пет одделни парчиња што им овозможило на...

По бродската несреќа во Грција ќе им се суди на деветмина, во Пакистан прогласен Ден на жалост

Деветмина осомничени шверцери на луѓе треба да се појават пред грчкиот суд под обвинение дека управувале со рибарскиот шверцерски брод со мигранти кој минатата недела потона во близина на грчкиот брег кај Пелопонез, резултирајќи со стотици исчезнати за кои се претпоставува дека се мртви. Бродската несреќа е една од најтешките катастрофи во Медитеранот, пишува „Гардијан“. Грчките власти соопштија дека досега...

Во превртениот брод кај Пелопонез најверојатно имало околу 100 деца

Преживеаните од несреќата во која рибарски брод со мигранти се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција кај Пелопонез, рекле дека на бродот најверојатно имало околу 100 деца. Ова во изјава за Би-Би-Си го кажал вишиот лекар во Општата болница во Каламата, Манолис Макарис, кој ги лекувал преживеаните од бродоломот. „Тие (преживеаните, н.з.) ни кажаа дека има...

Тројца загинати во руски ракетен напад врз Одеса

Тројца цивили загинаа, а седуммина се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса што се случил синоќа, објави Укринформ, повикувајќи се на украинското Министерство за внатрешни работи. Мета на проектилите биле складиште, деловен центар, станбен комплекс и продавници. Украинската јужна команда предупреди дека е можно луѓе сè уште да се заробени под урнатините на местата на нападите. За време на своето...

Британско разузнавање: Украина навлезе во првата линија на руската одбрана во некои области

„Значајни“ украински операции во неколку места во источна и јужна Украина се случиле во изминатите 48 часа, се вели во најновиот разузнавачки извештај на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство пренесен од „Гардијан“. „Во некои области украинските сили веројатно постигнале добар напредок и навлегле во првата линија на руската одбрана. Во други, украинскиот напредок е побавен“, се вели во извештајот...

СЗО предупреди на епидемија на колера во поплавените делови од Украина

Најмалку едно лице загинало, а неколку се ранети во руските воздушни напади врз Украина што се случиле во текот на изминатава ноќ, информираа украинските власти, а пренесува Укринформ. Еден цивил е убиен, а тројца се ранети во градот Звјахел во регионот Житомир. Според првичните информации, уништени се шест згради, а уште десетици се оштетени. Украинската војска соопшти дека соборила четири од...

Снимката на која сенаторот Греам вели „Русите умираат“ е фабрикувана

Не е вистина дека Греам изјавил „И Русите умираат. Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, а видеото кое што го тврди тоа е погрешно едитирано. Подолга верзија на разговорот, која беше објавена од украинската влада, а потоа и од Ројтерс, меѓу другото, покажува дека двете забелешки – врамени како дел од истиот коментар – всушност не се поврзани....

Бројката на жртви во железничката несреќа во Индија се искачи на најмалку 288

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за железничката несреќа во источна Индија ќе бидат „казнети строго“, порача индискиот премиер Нарендра Моди, кој го посети местото на несреќата во источната индиска држава Одиша, јави Би-би-си. Трагичниот биланс, пак, се искачи на најмалку 288 загинати и над 1.000 повредени. Попладнево по македонско време, односно навечер по индиско, завршена е и акцијата...

Обвинителството извршило увид, несреќата кај Кадрифаково предизвикана од возилото во кое биле загинатите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршиле увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија три лица. Според првичните информации што Обвинителството ги сподели со јавноста, до несреќата дошло кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале...

Најмалку 238 загинати и 650 повредени во страотна железничка несреќа во Индија

Најмалку 238 луѓе ги загубиле животите, а 650 се повредени во страотна железничка несреќа во Индија, во која биле вклучени три воза, јави Би-би-си. Несреќата се случила вчеравечер во 19 часот, во Баласоре во источната држава Одиша. Претходно од Противпожарната управа на Одиша беше соопштена многу повисока бројка загинати - 288 лица, но подоцна билансот беше ревидиран. Еден патнички воз излетал...

Тројца загинати, меѓу кои и 11-годишно девојче, во руски ракетен напад врз Кијив

Три лица загинаа, меѓу кои и 11-годишно девојче, во нов ракетен напад што Русија изминатава ноќ го извршила врз Кијив, пренесува Би-би-си. Украинската новинска агенција Укринформ, пак, повикувајќи се на најновите податоци од Националната полиција на Украина, објави дека девојчето имало 9 години. Во нападот наводно биле вклучени 10 проектили со краток дострел „Искандер“, а сирените за предупредување се вклучиле...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...