fbpx

Во превртениот брод кај Пелопонез најверојатно имало околу 100 деца

Се очекува бројот на исчезнати во морето да изнесува многу повеќе, по првичните извештаи дека на бродот се наоѓале околу 750 лица

-

Преживеаните од несреќата во која рибарски брод со мигранти се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција кај Пелопонез, рекле дека на бродот најверојатно имало околу 100 деца. Ова во изјава за Би-Би-Си го кажал вишиот лекар во Општата болница во Каламата, Манолис Макарис, кој ги лекувал преживеаните од бродоломот.

„Тие (преживеаните, н.з.) ни кажаа дека има деца во бродот. Деца и жени. Едниот ми рече дека има 100 деца, другиот 50, така што не ја знам вистината – но станува збор за многу“, изјавил Макарис.

Новинар на грчкиот канал АНТ1 прашал еден од преживеаните дали на бродот имало 100 деца, на што преживеаниот одговорил потврдно.

Добротворната организација „Save the Children“, повикувајќи се на сведоштва од преживеани, го дала истиот број, но Би-Би-Си пишува оти не може независно да ја потврди бројката.

Досега е потврдено дека најмалку 78 лица загинале во несреќата. Се очекува бројот на исчезнати во морето да изнесува многу повеќе, по извештаите дека на бродот се наоѓале околу 750 лица.

Грчкиот јавен радиодифузер ЕРТ објави дека се уапсени 11 лица во пристанишната управа во Каламата. Крајбрежната стража на Грција беше критикувана што не интервенирала порано, но властите тврдат дека нивните понуди за помош биле одбиени од бродот.

Спасувачите сè уште ги пребаруваат водите крај Грција во масовна операција за потрага, но надежите за пронаоѓање на уште преживеани се намалуваат.

Лекарот Макарис, кој истовремено е шеф на одделот за кардиохирургија во болницата во Каламата, рекол дека 30-те пациенти што ги лекувал ќе преживеат, а биле лекувани од хипертермија, пневмонија и дехидрација.

Семејства на дел од исчезнатите пристигнале во Каламата во потрага по своите најблиски.

Според крајбрежната стража на Грција, рибарскиот брод се превртел и паднал на околу 80 километри југозападно од градот Пилос, околу 8 часот наутро по локално време. Од таму велат дека грчкото Министерство за поморство повеќе пати остварило контакт со бродот, но добило одговор дека бродот едноставно сака да отплови кон Италија.

Брод кој пловел под знаме на Малта обезбедил храна и вода за луѓето што се наоѓале на рибарскиот брод, а три часа подоцна уште еден брод обезбедил вода.

Нешто пред 8 часот утрото, некој од чамецот ја известил крајбрежната стража дека моторот на бродот не функционирал.

Набргу потоа, чамецот се превртел, по што биле потребни само 10 до 15 минути целосно да потоне.

ИзворБи-би-си

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...