fbpx

Косовската влада го суспендираше деловниот сертификат за телевизијата Клан Косово

Телевизискиот канал останува во етер додека Независната комисија за медиуми институција одговорна за регулирање, управување и надзор на радиодифузерите соопшти дека го анализира случајот

-

Локалните и меѓународните медиумски организации ја обвинија косовската влада дека се обидува да ја ограничи слободата на медиумите во Косово откако Министерството за индустрија, претприемништво и трговија го суспендираше деловниот сертификат на приватната телевизија Клан Косова, пишува Приштина Инсајт.

Министерството во средата го суспендираше деловниот сертификат против трговското друштво во чии рамки е телевизијата и поднесе кривична пријава против компанијата, одговорните лица во неа и службениците од Агенцијата за регистрација на бизниси поради сомнение за злоупотреба на службената должност и злоупотреба на економски овластувања.

Според одлуката споделена од Здружението на новинари на Косово, Министерството го суспендирало деловниот сертификат на Клан Косово затоа што адресата на живеење на сопствениците е наводно заведена како „Пеје-Србија и Ѓакове-Србија…, [што е] во спротивност со основните принципи на Уставот на Република Косово“. И двата града се во Косово, а не во Србија.

Телевизискиот канал останува во етер додека Независната комисија за медиуми како институција одговорна за регулирање, управување и надзор на радиодифузерите соопшти дека го анализира случајот.

Клан Косова одлуката ја нарече незаконска и „неправедна, произволна и со автократски премиси“, додавајќи дека претставува обид за нарушување на слободата на медиумите.

Здружението на новинари на Косово ja нарече одлуката „без преседан во поновата историја на Косово“ и директен обид да се диктира и контролира медиумската содржина на телевизијата, пренесува Радио слободна европа на албански јазик.

Загриженост за одлуката на косовската влада изрази и генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез.

„Повлекувањето деловен сертификат на медиумска компанија е исклучително сериозен чин. Особено кога зборуваме за водечки приватен радиодифузер во земјата“, напиша Гутиерез на Твитер, додавајќи дека ова е срам за премиерот Албин Курти и неговата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...