fbpx

Оддавање почит на загинатите во несреќата со „Титан“, не се знае кога се случила имплозијата

Сè уште не знае со сигурност кога „Титан“ имплодирала. Подводните звуци што беа регистрирани за време на потрагата се претпоставува дека доаѓале од други подморници

-

Семејствата, пријателите и колегите на петте лица за кои се верува дека загинале во „катастрофалната имплозија“ на подморницата „Титан“ која нурнала кон „Титаник“, им оддаваат почит на своите блиски.

По неколкудневни воздушни и подводни пребарувања, доцна синоќа канадско роботско подводно возило открило поле со остатоци од подморницата „Титан“ на околу 400 метри од потонатиот брод „Титаник“.

Претставници на американската крајбрежна стража информираа дека биле пронајдени пет фрагменти кои потекнуваат од конусот на опашката и од трупот на подморницата.

Белата куќа, оддавајќи им почит на загинатите, рече дека најблиските на петте мажи што се наоѓаа во подморницата биле во искушение изминатава недела, пренесува „Гардијан“.

„Нашето срце е со семејствата и најблиските на оние кои ги загубија животите на Титан. Тие поминаа низ ужасно искушение во изминатите неколку дена, а ние ги чуваме во нашите мисли и молитви“, соопштија од Белата куќа, заблагодарувајќи им се на американската крајбрежна стража, канадските, британските и француските сили кои помогнале во напорите за пребарување и спасување.

„OceanGate“, компанијата која управуваше со „Титан“ и чиј извршен директор Стоктон Раш е меѓу загинатите, ги поздрави патниците на подморницата како „вистински истражувачи кои споделуваа посебен дух на авантура и длабока страст за истражување и заштита на светските океани“.

Роднините на познатиот француски нуркач Пол-Анри Наргеоле велат дека тој ќе остане запаметен како еден од најголемите истражувачи на длабокото море во модерната историја, пренесе Би-би-си. 77-годишниот Наргеоле беше познат како светски водечки експерт за бродот „Титаник“ и имал повеќе од 35 нуркања кон потонатиот брод.

Семејството Давуд, кое тагува по загубата на Шахзада Давуд (48) и неговиот син Сулеман (19) соопшти:

„Семејството останува преплавено со љубовта и поддршката што ги доби и им е благодарно на оние кои го покажаа најдоброто во човештвото“.

Семејството на британскиот милијардер – истражувач Хамиш Хардинг, го нарече „посветен татко“, додавајќи:

„Ако можеме да земеме мала утеха од оваа трагедија, тоа е дека го изгубивме правејќи го она што го сакаше“.

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли го опиша развојот на настаните како „трагична вест“ и рече дека Владата на Обединетото Кралство ги поддржува погодените британски семејства, пренесе „Гардијан“.

Сочувство пристигна од пакистанското Министерство за надворешни работи, владини претставници и пријатели, при што пакистанските ТВ станици ги прекинале своите редовни емитувања за да ги споделат вестите за Давуд, кој беше потпретседател на најголемиот конгломерат во земјата „Engro Corporation.“

Сè уште не знае со сигурност кога „Титан“ имплодирала. Подводните звуци што беа регистрирани за време на потрагата се претпоставува дека доаѓале од други подморници, а не од „Титан“.

Во меѓувреме, и понатаму се водат дебати околу безбедносните прашања на подморницата и истражувањето на „Титаник“.

Експерт за Би-би-си тврди дека подморницата истражувала во „нерегулирани“ меѓународни води. Предавачот по океанографија на Универзитетот во Саутемптон, д-р Сајмон Боксал вели дека во Обединетото Кралство секој брод или чамец мора да помине строги безбедносни проверки пред да му биде дозволено да влезе во водата и дека проблемот е што подморницата „Титан“ не била под ничија јурисдикција.

Од 2021 година „Титан“ врши експедиции кон потонатиот брод „Титаник“, кој се наоѓа на дното на морето на околу 700 километри јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд.

„Титаник“, кој беше најголемиот брод во своето време, потона откако удри во санта мраз на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година.

Пронајдени остатоци од исчезнатата подморница, сите пет лица загинале

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...