fbpx

Шест лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Милано

Шефот на пожарникарите, Никола Мицели, за италијанската телевизија Раи њуз изјави дека се верува оти пожарот започнал во една од спалните соби пред да се прошири низ првиот кат

-

Во катастрофален пожар во дом за нега во италијанскиот град Милано загинаа шест лица, а повеќе од 80 се повредени. Пет жени и еден маж се жртви во пожарот, кој започнал во 1 часот по полноќ во петокот во домот за нега на стари лица, во кој имало 167 жители, пренесува Гардијан.

Шефот на пожарникарите, Никола Мицели, за италијанската телевизија Раи њуз изјави дека се верува оти пожарот започнал во една од спалните соби пред да се прошири низ првиот кат.

Двајца од загинатите починале од пламените јазици, додека четворица починале од вдишување чад.

Четири екипи пожарникари продолжија да работат на гаснење на пожарот во петокот наутро.

„Беше многу сложено бидејќи чадот ја ограничуваше видливоста“, рече Мицели.

Повредените лица биле хоспитализирани. Двајца било пријавени дека се во тешка состојба.

Градоначалникот на Милано рече дека пожарот предизвикал голема трагедија.

„Се надеваме дека оние кои се во болница во тешка ситуација нема да бидат додадени во бројката“, изјави Џузепе Сала за новинарите.

Алармот за пожарот го вклучил сервисен работник.

„Жителите мораа да бидат изведени еден по еден“, рече Сала. „Се работи за брзо преместување на луѓето кои не се моќни“.

Домот за згрижување на стари лица е сместен во зграда во сопственост на локалната власт, но е приватно управувана.

Обвинителите отворија истрага за расчистување на случајот.

ИзворThe guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...