Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто

Во своето излагање, гувернерката посочи дека родовата нееднаквост сѐ уште претставува еден од клучните глобални предизвици, којшто по пандемијата стана уште поизразен

-

Поголемата вклученост на жените во работната сила може да придонесе за побрз и поинклузивен економски раст, којшто може да е повисок и до 30 отсто во економиите во развој, имајќи го предвид вклучувањето дополнителна работна сила на пазарот на труд. Исто така, според истражувањата во оваа сфера, за тоа придонесуваат и посебните карактеристики и вештини со кои вообичаено располагаат жените како работнички, како повисоката одбивност кон ризик, прагматичноста, емпатијата и друго.

Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата  „Жени лидери“ којашто ја отвори претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија.

Настанот е во рамките на проектот „Ние водиме“, поддржан од ЕУ, а наменет е за поддршка на млади професионалци во регионот на Западен Балкан.

Во своето излагање, гувернерката посочи дека родовата нееднаквост сѐ уште претставува еден од клучните глобални предизвици, којшто по пандемијата стана уште поизразен.

„Во глобални рамки пандемијата доведе до укинување на 54 милиони работни места пополнети од жени, со што се намали стапката на учество на жените во работната сила на 47 проценти и се зголеми јазот во однос на мажите, чија стапка на учество во работната сила е 70 проценти. Во македонската економија учеството на жените во работната сила е околу 40%, додека оние жени кои се активни се помалку застапени на раководните позиции и се платени помалку од мажите за 20%“, рече Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката нагласи дека, сепак, постојат и добри примери во нашето општество, како Народната банка, каде што 71 процент од раководните позиции во институцијата се пополнети од жени.

На панел-дискусијата учествуваа и министерката за стандарди и услуги на Албанија, извршната директорка на Центарот за европски политики во Србија и директорката на ЦЕФ.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...