Шведска ќе ја обвини Грета Тунберг за блокирање на нафтено пристаниште

Таа одбила да замине кога полицијата и наредила и може да се соочи со затвор од шест месеци или пак парична казна

Грета Тунберг, фотографија од 9 септември 2022 г., Стокхолм, Шведска | Фото: Frankie Fouganthin, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Грета Тунберг се приклучи на група млади активисти кои блокираа танкери со нафта на пристаништето во Малме во јуни. Таа одбила да замине кога полицијата ѝ наредила и може да се соочи со затвор од шест месеци или пак парична казна, пренесува Би-би-си.

Личности кои учествувале на протестот се качувале на танкери со нафта.

Грета Тунберг на „Инстаграм” изјави дека Климатската криза е веќе прашање на живот или смрт за безброј луѓе.

Таа ќе се појави на суд со уште 3 лица присутни на протестот.

„Ние избираме да не бидеме само минувачи и физички да ја запреме инфраструктурата за фосилни горива“, додава таа.

Ирма Кјелстром исто така ќе се појави на суд во јули, но вели дека е повеќе загрижена за ужасната штета што индустријата за фосилни горива му ја прави на светот отколку последици од судењето.

Стакленички гасови се испумпуваат во атмосферата со согорувањето на горива кои ја загреат атмосферата на Земјата. Светот се загреал за околу 1,1 Целзиусови степени од индустриската револуција, пред околу 200 години.

Климатските активисти околу светот ја критикуваат индустријата за фосилни горива а индустријата за нафта и гас вели дека континуираното производство е неопходно за да се задоволат глобалните потреби за енергија.

Директорот на енергетската компанија „Шел” вели дека намалувањето на производството на нафта и гас би било опасно и неодговорно.

Меѓународната агенција за енергетика соопшти дека сега не смее да има нови инвестиции за нафта, гас и јаглен доколку владите се сериозни за проблемите со климатската криза.

Оваа недела светот го доживеа најтоплиот ден досега, кога просечната температура на планетата земја за прв пат се искачи над 17 степени Целзиусови.

Понеделникот бил најтопол ден во светот откако се вршат мерења на температурите