fbpx

Единаесет загинати во Пекинг, четврти ден обилни дождови го преплавуваат градот

Водостојот на реките достигна опасни нивоа, што ги натера градските власти да ги искористат резервоарите за складирање во случај на поплави, за првпат по 25 години откако се изградени

-

Единаесет лица загинаа поради обилните врнежи во Пекинг, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на кинески државни медиуми. Немилосрдните дождови во главниот кинески град продолжуваат веќе четврти ден.

Уште 27 лица се водат како исчезнати до овој момент, објави државната кинеска телевизија „CCTV“, откако тајфунот Доксури донесе непрекинати врнежи и поплави во северниот дел на Кина.

Водостојот на реките достигна опасни нивоа, што ги натера градските власти да ги искористат резервоарите за складирање во случај на поплави, за првпат по 25 години откако се изградени.

Од вчеравечер, главниот кинески град затвори над 100 планински патишта и евакуираше повеќе од 52.000 луѓе од нивните домови. Неколку линии на метрото во  градот, како и во западните предградија, се прекинати.

Западната област Ментугу претрпе огромни штети откако еден ден претходно, поројните дождови ги претворија патиштата во реки, носејќи со себе и автомобили.

Интензитетот на Доксури, една од најсилните бури што ја погодиле Кина во изминатите години, ослабна, но властите предупредија дека остануваат ризиците од дополнителни поплави и други катастрофи.

Бурата минатата недела го зафати крајбрежјето Фуџијан, предизвикувајќи економска штета од 14,76 милијарди јуани (повеќе од 2 милиони долари) и погоди речиси 2,7 милиони луѓе.

Градските власти во Пекинг соопштија дека врнежите во изминатите неколку денови ги надминале рекордите од силното невреме од пред 11 години.

Кина веќе се подготвува за пристигнување на уште еден тајфун – Канун – кој претставува шеста ваква бура од почетокот на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...