fbpx

Вработените во МИА на четврти предупредувачки протест за повисоки плати

Со оглед на најавата за седница на Владата денеска, и ветувањето дека ова барање може позитивно да се реши, чиниме дека е идеално време за затворање на ова прашање, велат од ССНМ

-

Вработените во Медиумска информативна агенција (МИА) и денеска за време на паузата четврти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата и ги повторија барањата, меѓу кои и барањето за зголемување на платите за 30 проценти. Аргументацијата на вработените е дека просечната плата во МИА е далеку од просечната плата во државата, а таа во моментов изнесува 36.465 денари.

„Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници безрезервно од самиот почеток стои зад барањата на вработените во МИА и смета дека истите се легитимни, а со оглед на најавата за седница на Владата денеска, и ветувањето дека ова барање може позитивно да се реши, чиниме дека е идеално време за затворање на ова прашање“, велат од ССНМ.

Од Синдикатот додаваат дека МИА е мултимедијален медиум кој продуцира вести на три јазика, ја има најголемата дописничка мрежа и известува за сите настани во Македонија, но и за случувањата во светот. Агенцијата има соработка како со регионалните, така и со светските медиуми со што нејзината улога е од огромно значење за целата земја и особено за медиумската сцена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...