понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: врнежи | 206 резултати

Заради врнежите, водоводот во Тетово со намален притисок, а во Гостивар водата не е за пиење

октомври 6, 2024

Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово соопшти дека поради загаденост на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата е целосно затворен, а жителите на Тетово се снабдуваат со намалено […]

Снежен бран и ниски температури деновиве во Македонија

ноември 24, 2023

Драстично намалување на температурите, силен северен ветер, обилни врнежи од дожд и снег се најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), почнувајќи од утрешниот ден. Портокалов аларм за поголемиот дел од земјава е активиран за утре, вклучувајќи ги источниот и западниот дел на Македонија. Во Скопскиот регион е вклучен жолт аларм, вклучувајќи ја и можноста […]

Единаесет загинати во Пекинг, четврти ден обилни дождови го преплавуваат градот

август 1, 2023

Единаесет лица загинаа поради обилните врнежи во Пекинг, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на кинески државни медиуми. Немилосрдните дождови во главниот кинески град продолжуваат веќе четврти ден. Уште 27 лица се водат како исчезнати до овој момент, објави државната кинеска телевизија „CCTV“, откако тајфунот Доксури донесе непрекинати врнежи и поплави во северниот дел на Кина. Водостојот […]

Климатски промени: Бројот на врнежливи денови намален, количеството на врнежи лани зголемено [инфографик]

ноември 13, 2022

Долготрајни периоди без врнежи кои доведуваат до сушни периоди, по кои следуваат врнежливи денови со големо количество на воден талог што би можело да предизвика поплави или други штети. Вака накратко и поедноставено би можеле да се објаснат климатските промени во делот на врнежите со коишто се соочила земјава во минатата година. Најголем дел од […]

Глобалното затоплување носи опасност од долготрајни суши и екстремни бури во земјава [инфографик]

јули 4, 2021

Зголемувањето на просечните температури на воздухот во земјава ја носи опасноста од долготрајни сушни периоди и екстремни бури со временски непогоди кои можат да предизвикаат штети. Просечните количества на врнежи на годишно ниво во земјава драстично флуктуираат од година во година во изминатиов тридецениски период, иако бројките генерално низ годините покажуваат зголемување на количеството на […]

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

јануари 11, 2021

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на […]

Состојбите во рудниците во РЕК Битола се санираат и се оспособуваат багерите за ископ на јаглен

август 8, 2020

Состојбите во рудниците во РЕК Битола се санираат по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен, предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела, информираат од компанијата. „Исклучиво со сопствени средства и ресурси, неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните […]

Обилниот дожд предизвика прекин на ископот и транспортот на јаглен во РЕК Битола

август 6, 2020

Врнежите од дожд кои последниве денови ја зафатија целата држава, во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола, трета по ред во период од два месеца. „Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите. И покрај елементарната непогода […]

Облачно време со дожд, на некои места големи врнежи со силен ветер

ноември 20, 2019

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер на одредени места. Пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/ч), може да се очекуваат особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2. Утринската температура се движи од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната […]

Времето претежно облачно со дожд

октомври 4, 2019

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни претпладнево во јужните и источните делови. Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Температурата, според УХМР, денеска ќе достигне до 19 Целзиусови степени. […]

Претпладне сончево, попладне на некои места облачно со дожд и грмежи

август 27, 2019

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 29 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, додека попладне ќе има услови за развој на нестабилна […]

Претпладне сончево време, попладне со услови за локален дожд

август 26, 2019

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје, слично време со температура до 37 Целзиусови степени.

Tопло време со умерена облачност

јули 26, 2019

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени.УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер […]

Сончево време со температура до 31 степени

јули 15, 2019

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура […]

Нестабилно време со пороен дожд попладне

јули 10, 2019

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи над 30 литри на метар квадратен. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусови […]

Сончево и топло време, попладне локална појава на грмежи и врнежи

јули 8, 2019

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје […]

Претпладне сончево време, попладне со услови за невреме

јули 5, 2019

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со максимална температура до 35 Целзиусови степени. Во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Во Скопје слично време со максимална температура до 32 Целзиусови степени.

Претпладне облачно време, попладне со пороен дожд и ветер

јуни 20, 2019

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 22 до 33 Целзиуосви степени. Во Скопје слично време, […]

Страна 1 од 11