fbpx

Шестмина загинати во Грција во судир предизвикан од возило со нелегални мигранти

Меѓу шестемина загинати се и двајцата возачи, а шестмина од илегалните мигранти се пренесени в болница.

-

Шест лица ги загубија животите а шест се повредени во страотна сообраќајна несреќа во североисточна Грција, близу градот Александруполи, јави грчката државна телевизија ЕРТ.

Директниот судир на автопатот „Егнатиа“ се случил поради автомобил ауди А4, што превезувал илегални мигранти и во кој имало вкупно 10 луѓе. Тој влетал во спротивната лента на излезот од автопатот кај Макри со огромна брзина, во обид да избегне полициска контрола. Набргу на автопатот се судрил директно со автомобил со којшто управувал 45-годишен Грк, што се враќал од работа.

Меѓу шестемина загинати се и двајцата возачи, а шестмина од илегалните мигранти се пренесени в болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...