fbpx

Продолжуваат протестите во Грција по железничката несреќа во која загинаа 57 лица

Протестите во Грција се интензивираа неколку дена по најсмртоносната железничка катастрофа во земјата.

-

Илјадници студенти излегоа на улиците во повеќе грчки градови, а некои демонстранти во Атина се судрија со полицијата. Протестите во Грција се интензивираа неколку дена по најсмртоносната железничка катастрофа во земјата, јавува грчкиот весник „Катимерини“.

Најголемиот протест вчера се случи во централниот грчки град Лариса, недалеку од местото на несреќата, каде мирно маршираа неколку илјади луѓе.

Во Атина, полицијата за борба против нереди пред парламентот употребила солзавец и шок-бомби за да растера мал број демонстранти кои фрлале врз нив молотови коктели, запалиле корпи за ѓубре, провоцирајќи ги полициските кордони. Нема информации за уапсени или повредени.

Судири се случиле и во вториот по големина град во земјата, Солун, пренесе „Катимерини“.

Протестите на кои повика левицата во земјата и студентските групи беа поттикнати од гневот поради наводниот недостаток на безбедносни мерки во железничката мрежа на Грција.

Најмалку 57 лица, меѓу кои и студенти, загинаа кога патнички воз удри во товарен воз во во близина на долината Темби кај градот Лариса.

Во меѓувреме, над 20 лица и понатаму се лекуваат во грчките болници.

Покренато е обвинение против шефот на железничката станица „Лариса“, кој пред јавен обвинител ја признал вината затоа што заборавил да ја сврти свртницата и патничкиот воз што се движел од Атина до Солун го насочил на колосекот на пругата наменет за сообраќај во спротивниот правец, по што во долината Темби, неколку десетици километри по Лариса во правец на Солун, дошло до директен судир со патничкиот воз.

Истрагата за железничката несреќа во Грција завршува, досега 57 загинати

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...