fbpx

Истрагата за железничката несреќа во Грција завршува, досега 57 загинати

Моментално, 38 од повредените се распоредени во болници, а од нив седум се на оддел за интензивна нега. Се очекува потрагата по преживеани или загинати да заврши попладнево

-

Потврдената бројка на загинати лица во тешката железничка несреќа што во вторникот пред полноќ се случи во долината Темби во Грција е 57, според пожарникарите и полицијата, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Од загинатите, досега се идентификувани 36 луѓе, а полициската портпаролка Константина Димоглиду изјави дека оние што првично биле категоризирани како исчезнати се вклучени во бројката на загинати.

Моментално, 38 од повредените се распоредени во болници, а од нив седум се на оддел за интензивна нега.

Се очекува потрагата по преживеани или загинати да заврши попладнево.

Во оваа фаза, јасно е дека причините за директниот судир на двата воза – едниот патнички со 342 патника и 10 членови на екипажот и еден товарен – е ненамерна грешка на шефот на железничката станица во Лариса и непостоењето систем за контрола и безбедност, кој иако предвиден, никогаш не профункционирал. Иако пред 9 години е почнат проект за рехабилитирање и оспособување на овој систем, тој уште не функционира.

Бројката на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 луѓе

Шефот на железничката станица „Лариса“, кој вчера на официјалниот распит кај јавен обвинител, ја признал вината за тоа што заборавил да ја сврти свртницата и патничкиот воз што се движел од Атина до Солун го насочил на колосекот на пругата наменет за сообраќај во спротивниот правец, по што во долината Темби, неколку десетици километри по Лариса во правец на Солун, дошло до директен судир со патничкиот воз.

Обвинение против 59-годишниот шеф е подигнато вчера, и тој се товари за тешки кривични дела – ненамерни масовни убиства, нанесување телесни повреди од небрежност и нарушување на сообраќајот. Според извештаите, тој длабоко се каел поради својата ненамерна грешка.

Тој работел долги години како курир во Грчката железница (ОСЕ), а во 2012-13 година, како дел од реорганизацијата, бил префрлен во Министерството за образование на Грција. Сепак, бидејќи сакал да се пензионира како железнички работник, минатата година бил повторно вратен во железницата. Според неговите колеги, минал шестмесечна обука и на почетокот на годинава добил диплома и бил назначен за шеф на станицата „Лариса“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
online free course
download intex firmware
Download WordPress Themes Free
udemy free download