fbpx

Болницата во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем, донација од јапонската амбасада

-

Одделот за гинекологија во општата болница во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем вреден 51.462 евра, како подарок од јапонската амбасада. Денеска амбасадорот Оцука Казуја потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ за да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија.

„Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од заменик градоначалничката на општина Струмица, Елена Меѓаровска Паликарова, а договорот го потпишаа директорката на ЈЗУ Општа болница Струмица, д-р Катерина Кузмановска, заедно со амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја“, соопштија од амбасадата.

Директорката на болницата, д-р Кузмановска, кажа дека новиот ултразвучен систем треба да обезбеди поголема здравствена заштита на трудниците и новороденчињата.

Во обраќањето, амбасадорот Оцука истакна дека јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот, за да има поквалитетни здравствени услови.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 74 училишта и градинки, 66 здравствени установи и има обезбедено 35 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина. Јапонија има дадено поддршка за Македонија во повеќе сектори, како инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи, итна помош која изнесува повеќе од 423 милиони евра и друга нефинансиска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...