fbpx

Бројката на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 луѓе

Вчера се протестираше во Атина, Солун и Лариса, големи протести против владата имаше и денеска, а кулминацијата на протестите ќе биде вечерва

-

Иако последната официјална бројка на загинати што ја соопштуваат пожарникарите е 46, како што беше објавено пред неколку часа, трагичниот биланс од судирот на двата воза во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ е многу поголем, и изнесува 57 загинати луѓе, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Имено, малку по 16 часот по грчко време, директорката на Судска медицина во Лариса, Рубини Леондари за „Real FM“ рекла дека бројката на загинати се искачила на 57.

Местото на несреќата е меѓу градот Лариса и туристичкото крајбрежно гратче Неи Пори, популарна дестинација на летувалците од Македонија и од Србија.

Несреќата се случи завчера кратко пред полноќ, кога патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун, со 342 патници и 10 членови на екипажот, од шефот на станицата „Лариса“ бил пропуштен на погрешен колосек, односно на колосек на кој во спротивниот правец се движел товарен воз.

Шефот на станицата не сфатил дека направил грешка сѐ додека не го известиле дека се случил судир.

Тој ја признал вината и длабоко се каел на сослушувањето во јавното обвинителство. Сепак, тоа е само еден од факторите за несреќата – вториот е дека иако во 2014 година е почнат проект за оспособување на системот за автоматска контрола и сигурност, тој уште не е функционален, па машиновозачите зависат само од радиокомуникација со другите композиции.

Вчера се протестираше во Атина, Солун и Лариса, големи протести против владата имаше и денеска, а кулминацијата на протестите ќе биде вечерва. Вчера имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестот пред дирекцијата на Грчката железница во Атина.

Расте бројката на загинати во несреќата во Грција, денеска протести низ земјата

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...