fbpx
Таг: Larisa

таг: Larisa

Продолжуваат протестите во Грција по железничката несреќа во која загинаа 57 лица

Илјадници студенти излегоа на улиците во повеќе грчки градови, а некои демонстранти во Атина се судрија со полицијата. Протестите во Грција се интензивираа неколку дена по најсмртоносната железничка катастрофа во земјата, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Најголемиот протест вчера се случи во централниот грчки град Лариса, недалеку од местото на несреќата, каде мирно маршираа неколку илјади луѓе. Во Атина, полицијата за борба...

Истрагата за железничката несреќа во Грција завршува, досега 57 загинати

Потврдената бројка на загинати лица во тешката железничка несреќа што во вторникот пред полноќ се случи во долината Темби во Грција е 57, според пожарникарите и полицијата, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Од загинатите, досега се идентификувани 36 луѓе, а полициската портпаролка Константина Димоглиду изјави дека оние што првично биле категоризирани како исчезнати се вклучени во бројката на загинати. Моментално, 38 од...

Бројката на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 луѓе

Иако последната официјална бројка на загинати што ја соопштуваат пожарникарите е 46, како што беше објавено пред неколку часа, трагичниот биланс од судирот на двата воза во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ е многу поголем, и изнесува 57 загинати луѓе, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Имено, малку по 16 часот по грчко време, директорката на Судска...

По железничката несреќа, оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт

По трагичниот судир на два воза во долината Темби во Грција, на подрачјето меѓу градот Лариса и познатото туристичко место Неи Пори, во која загинаа најмалку 36 лица, а 85 се повредени, попладнево оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Константинос Караманлис, јави грчкиот весник „Катимерини“. Одговорноста за несреќата врз себе ја презел шефот на железничката станица „Лариса“,...

При судирот на двата воза во Грција не функционирал контролниот систем, човечка грешка довела до трагедијата?

Не функционирале основните безбедносни мерки што би спречиле железничка несреќа, објаснува за грчкиот весник „Катимерини“, Василис Завојанис, член на одборот директори на железничката компанија „ТРАИНОСЕ“, по страотниот судир на два воза пред полноќ во долината Темби во Грција, во близина на туристичкото место Неи Пори, популарна дестинација за летен туризам за македонските и српските граѓани. Според Завојанис, во таква ситуација,...

МНР: Нема информации дека меѓу загинатите или повредените во несреќата кај Лариса има македонски државјани

Ниту до Министерството за надворешни работи (МНР) ниту до дипломатско конзуларните претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во трагичната железничка несреќа што синоќа се случи близу градот Лариса во Грција има и државјани на Република Северна Македонија, соопшти МНР. Оттаму додаваат дека македонската амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со...

Загинаа најмалку 36 лица во Грција во директен судир на два воза близу Лариса

Патнички воз во кој имало многу студенти што се враќале дома од празнувања вчера пред полноќ се судрил со товарен воз во близина во долината Темби кај градот Лариса во Грција, при што најмалку 36 луѓе загинале а 85 се повредени, јави агенцијата Асошиејтед Прес (АП). Долината Темби е на неколку десетици километри југозападно од туристичкото место Неи Пори, што...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Централна Грција, потресот почувствуван и кај нас

Европскиот медитерански сеизмолошки центар регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени кој ја погоди Централна Грција. Епицентарот бил северозападно од Лариса, 24 километри од градот, на длабочина од 20 километри. Според првичните информации на Институтот за геодинамика од Атина, силината на земјотресот била 5,9 степени. Грчките медиуми засега не јавуваат за жртви или причинета материјална штета. Земјотресот беше почувствуван и...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...