fbpx

Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Според информациите на МНР, загинати се 33 годишниот З.С. од Македонска Каменица, 31-годишниот А.К. од селото сАса и 30-годишниот В.И. од виничкото село Пекљани

-

Тројца Македонци и еден Италијанец се жртви во сообраќајната несреќа што вчеравечер, на Велигден, се случи во градот Асти во регионот Пијемонт во Италија.

Како што јавуваат локални италијански медиуми, судирот се случил на провинцискиот пат 456, кој од Ница Монферато води кон Монтегросо и Асти. Во еден од автомобилите што учествувале во несреќата имало тројца мажи со македонска националност на возраст од околу триесет години, додека во другиот автомобил само патувало 23-годишно момче од италијанскиот град Асти.

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) потврди дека тројца од жртвите се државјани на Република Северна Македонија.

Според информациите на МНР, загинати се 33 годишниот З.С. од Македонска Каменица, 31-годишниот А.К. од селото Саса и 30-годишниот В.И. од виничкото село Пекљани.

„Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија. Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата“, велат од МНР, од каде додаваат дека на располагање се дежурните телефони на Генералниот конзулат во Венеција (+39 327 935 1698), Амбасадата во Рим (+39 351 336 3919), како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи (075 273 732).

Регионалниот советник за транспорт во Асти, Марко Габуси, на социјалните мрежи напиша: „Нема зборови. Велигден заврши на најлош можен начин“, пренесува италијанскиот „La Voce di Asti” (Гласот на Асти).

Локалната сообраќајна полиција во моментов ги испитува причините за несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...