fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

При судирот на двата воза во Грција не функционирал контролниот систем, човечка грешка довела до трагедијата?

Не функционирале основните безбедносни мерки што би спречиле железничка несреќа, објаснува за грчкиот весник „Катимерини“, Василис Завојанис, член на одборот директори на железничката компанија „ТРАИНОСЕ“, по страотниот судир на два воза пред полноќ во долината Темби во Грција, во близина на туристичкото место Неи Пори, популарна дестинација за летен туризам за македонските и српските граѓани. Според Завојанис, во таква ситуација,...

МНР: Нема информации дека меѓу загинатите или повредените во несреќата кај Лариса има македонски државјани

Ниту до Министерството за надворешни работи (МНР) ниту до дипломатско конзуларните претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во трагичната железничка несреќа што синоќа се случи близу градот Лариса во Грција има и државјани на Република Северна Македонија, соопшти МНР. Оттаму додаваат дека македонската амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со...

Загинаа најмалку 36 лица во Грција во директен судир на два воза близу Лариса

Патнички воз во кој имало многу студенти што се враќале дома од празнувања вчера пред полноќ се судрил со товарен воз во близина во долината Темби кај градот Лариса во Грција, при што најмалку 36 луѓе загинале а 85 се повредени, јави агенцијата Асошиејтед Прес (АП). Долината Темби е на неколку десетици километри југозападно од туристичкото место Неи Пори, што...

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си. Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од куќата во Џиндајрис. Задобила полесни...

Нема докази дека проектот ХААРП го предизвикал земјотресот во Турција

ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви...

По 7 дена под урнатините спасена 40-годишна жена, бројот на загинати се искачи на речиси 33.200

Спасувачките екипи утрово извлекоа 40-годишна жена од урнатините на зграда во градот Ислахије, во турската провинција Газиантеп. Жената преживеала приклештена во кршот цели 7 дена по најсилните земјотреси што што минатиот понеделник ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, и покрај температурите што често беа под нулата, јави Асошиејтед Прес (АП). Покрај двата разурнувачки земјотреси, со магнитуда од 7,8 и...

Не е вистина дека земјотресот во Турција не е природен

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер ја погоди јужна Турција рано во понеделникот, предизвикувајќи големи штети и убивајќи илјадници луѓе таму и во соседна Сирија. На социјалните мрежи набргу по земјотресот се ширеа теории на заговор дека тој не бил предизвикан од природата. Таква е и објавата што е предмет на оваа рецензија, којашто освен што неточно...

Бројката на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 9.600

Двата разорни земјотреса и серијата помали потреси во понеделникот во југоисточна Турција и северозападна Сирија, досега однесоа над 9.600 човечки животи. Трескавично продолжува потрагата по преживеаните, во битка да се спасат што повеќе приклештени луѓе, поради смрзнувачките температури што владеат таму, јави Би-би-си. Досега се регистрирани дури 648 последователни потреси. Некои од спасените од урнатините во Турција за британскиот јавен радиодифузен...

Речиси 5.000 жртви од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија

Спасувачите во Турција и во Сирија продолжија со потрагата по преживеани под урнатините и во текот на студената ноќ, по силниот земјотрес што вчера ги погоди двете земји. Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се искачи на најмалку 4.980 лица, а илјадници згради и објекти се урнати низ југоисточниот дел на Турција и...

Двајца македонски ученици меѓу повредените од земјотресот во Турција

Двајца ученици од Северна Македонија се меѓу повредените лица од земјотресот што рано изутрина го погоди југоисточниот дел на Турција. Станува збор за ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција, информираше Министерството за надворешни работи (МНР). Претставништвата на МНР обезбедиле информации и стапиле во контакт со девет македонски државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за...

Судскиот процес за трагедијата кај Ласкарци започна од почеток

Супервештачењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци стаса на судско рочиште по повеќе од една година, но супервештаците кои требаше да го образложат, не дојдоа во судница. Судскиот процес за овој случај денеска започна од почеток, а роднини на загинатите се сомневаат дека процесот оди во насока да се заборави случајот. „Супервештачењето го чекавме повеќе од една година, а супервештаците...

Русите продолжија со гранатирања, досега загубиле повеќе од 120.000 војници

Руските напади врз населени места во Украина продолжија и во изминатово деноноќие, со артилериски оган. Во меѓувреме, според Генералштабот на украинските вооружени сили, загубите на персонал на руските сили досега изнесува 120.160, од кои 860 биле убиени во изминатото деноноќие. Во регионот Запорижја, во текот на изминатово деноноќие, руските агресорски сили гранатирале повеќе од 20 население места, известува украинската новинска...

Во руски ракетен напад врз станбен блок во Днипро загинаа најмалку 21 лице

Во ракетен напад врз станбен блок во украинскиот град Днипро, извршен од Русија, загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои и едно дете, јави Укринформ. Нападот се случил вчера, а бројот на загинати го потврди шефот на Регионалниот совет на Днипропетровскиот регион, Микола Лукашук. Повредени се 73 лица, меѓу кои 14 деца, додека украинските спасувачки екипи спасиле 38 лица. Во моментов...

Најмалку 40 загинати во авионска несреќа во Непал

Авион со кој патувале 72 лица се урна во близина на аеродром во централен Непал, а бројот на загинати досега изнесува 40, соопштија непалските власти. Би-би-си пренесе дека авионот на „Јети Ерлајнс“ кој летал од главниот град Катманду до туристичкиот град Покора се урнал при слетувањето, при што се запалил. Премиерот на Непал, Пушпа Камал Дахал свика итен состанок на неговиот...

Седумнаесет лица загинаа во напад на мексикански затвор, ослободен лидер на локална банда

Седумнаесет лица се убиени во мексиканскиот државен затвор во градот Сиудад Хуарес кој се наоѓа на самата граница со Ел Пасо, Тексас, САД во операција која имала за цел да го ослободи лидерот на една од локалните банди, пренесе Асошиејтед Прес. При нападот од затворот избегале вкупно 25 затвореници. Секретарката за безбедност на Мексико, Роса Исела Родригес рече дека десет...

Од денеска ограничена цената на руската нафта, во Украина и понатаму се гине

Ограничувањето на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат денеска стапува на сила, пишува весникот Гардијан. Ваквата мерка против Москва е договорена од земјите на Г-7, а целта е да се намалат приходите на Кремљ од фосилните горива и да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Обединетото Кралство, Јапонија, Германија, Италија, Франција,...

Една година од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

Денеска се одбележува точно една година од несреќата во која трагично загинаа 45 патници, во најголем дел македонски државјани, кои патуваа со автобус на „Беса транс“ што изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, близу Перник. Спасени беа седум лица, а беа сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија. Истрагата за несреќата не е завршена во Бугарија. Се чекаат одговори од...

Што се знае 24 часа после паѓањето на ракета(и) во полското погранично село со Украина?

Единствени сигурно утврдени факти до пладне на 16.11.2022 се дека во полско погранично село со Украина паднала една или две ракети, при што загинале две лица и дека пректилот/те биле од руско производство, но дека не може да се потврди од каде се истрелани, иако последната изјава на американскиот претседател е дека ракетата била истрелана од украинската противвоздушна одбрана,...

Столтенберг и полските власти се сомневаат дека ракетите во Полска биле истрелани од Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска одржа прес-конференција по вчерашниот инцидент во Полска, во кој животот го загубија две лица. Столтенберг изјави дека нема индиции оти истреланиот проектил бил намерен напад од Русија или дека Русија подготвува воена акција против НАТО алијансата, пишува Би-би-си. Столтенберг додаде дека експлозијата во Полска најверојатно била предизвикана од украинската воздушна одбрана, но истрагата...

Тројца загинати и тројца ранети во експлозија во комплекс за оружје во Бугарија

Во експлозија што се случила претпладнево во фабричкиот комплекс за оружје „Арсенал“ во бугарскиот град Казанл'к загинале тројца работници и уште тројца биле повредени и пренесени в болница, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Инцидентот се случил нешто по 11 часот по локално време, во објект во кој се чуваат пиротехнички средства. Според најновите информации, загинати се тројца вработени и тројца се...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...