fbpx

Речиси 5.000 жртви од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија

-

Спасувачите во Турција и во Сирија продолжија со потрагата по преживеани под урнатините и во текот на студената ноќ, по силниот земјотрес што вчера ги погоди двете земји.

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се искачи на најмалку 4.980 лица, а илјадници згради и објекти се урнати низ југоисточниот дел на Турција и северозападна Сирија, јави ТРТ.

Според последните информации, бројот на загинати во Турција се искачи на 3.381, додека бројот на повредени изнесува над 20.000.

Во Сирија, спасувачките служби известија дека загинале најмалку 1.600 лица, а над 2.400 други биле ранети.

Сеизмичката активност продолжи да го тресе регионот, а вчера попладне беше регистриран ушт еден земјотрес со речиси иста јачина како првиот што се случи во 4 часот и 17 минути наутро и одзеде речиси пет илјади жртви.

Спасувачите се бореа со силниот дожд и снег за да најдат преживеани, а Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека билансот може драматично да се зголеми бидејќи се очекува спасувачите да најдат повеќе жртви, пишува Би-би-си.

Според „Гардијан“, властите во Турција распоредиле над 24.000 лица за пребарување и спасување во областите на земјотресот.

По меѓународниот апел за помош, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека 45 земји понудиле поддршка.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш повика на меѓународна реакција, велејќи дека многу од семејствата погодени од катастрофата веќе имаат очајна потреба од хуманитарна помош во областите каде пристапот е предизвик.

Европската Унија (ЕУ) испраќа тимови за пребарување и спасување во Турција, а Велика Британија соопшти дека ќе испрати седумдесеттина специјалисти, опрема и кучиња за спасување.

Инаку, Турција се наоѓа во една од најактивните земјотресни зони во светот. Вчерашниот разорен земјотрес бил почувствуван и во Кипар, Либан и Израел.

Кирил и Кристијан од Ресен се национални победници на Европскиот квиз на пари 2023

Во организација на Македонската банкарска асоцијација, а во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, денеска се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари...
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download mobile firmware
Free Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=