fbpx

Седумнаесет лица загинаа во напад на мексикански затвор, ослободен лидер на локална банда

-

Седумнаесет лица се убиени во мексиканскиот државен затвор во градот Сиудад Хуарес кој се наоѓа на самата граница со Ел Пасо, Тексас, САД во операција која имала за цел да го ослободи лидерот на една од локалните банди, пренесе Асошиејтед Прес.

При нападот од затворот избегале вкупно 25 затвореници. Секретарката за безбедност на Мексико, Роса Исела Родригес рече дека десет од починатите лица биле затворски чувари кои биле нападнати од вооружени лица што во неделата утрото пристигнале пред затворот во оклопни возила и отвориле оган. Другите седуммина загинати биле затвореници кои се обиделе да избегаат.

Според Родригес, затворениците што избегале биле дел од бандата Мексиклис која е поврзана со картелот Каборка. Меѓу избеганите бил и лидерот на Мексиклис, а оваа банда е една од главните во Сиудад Хуарез.

Картелот Каборка е предводен од наркобосот Рафаел Каро Кинтеро кој бил уапсен во јули.

Мексиканскиот секретар за безбедност Луис Кресенсио рече дека војниците и државната полиција кои подоцна ја презеле контролата врз затворот нашле 10 „вип“ ќелии опремени со телевизори и други удобности, а во една бил пронајден и сеф со готовина. Властите во затворот пронашле и кокаин, метамфетамин, хероин, фентанил и марихуана.

Во август, бунт кој започна во истиот државен затвор се проширил на улиците во Хуарез при што во насилствата загинале 11 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...