fbpx

Тројца загинати и тројца ранети во експлозија во комплекс за оружје во Бугарија

-

Во експлозија што се случила претпладнево во фабричкиот комплекс за оружје „Арсенал“ во бугарскиот град Казанл’к загинале тројца работници и уште тројца биле повредени и пренесени в болница, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Инцидентот се случил нешто по 11 часот по локално време, во објект во кој се чуваат пиротехнички средства. Според најновите информации, загинати се тројца вработени и тројца се повредени. Според очевидци цитирани од mediapool.bg, се слушнала голема експлозија и над комплексот се издигнал голем темен облак од чад.

Во последниот инцидент во овој фабрички и магацински комплекс во август лани, еден работник загина во пожар.

Ова, за несреќа, не е изолиран инцидент во бугарските комплекси за оружје, односно во последниве години во експлозии во „Арсенал“ Казанл’к, во Горни Лом, Ловнидом, Петол’чката, Костенец, М’глиж и Иганово загинале вкупно 20 вработени, а десетици биле повредени. Минатата година бугарското обвинителство соопшти за руска вмешаност во четири експлозии во воени складови во Бугарија, потсетува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Изворmediapool.bg

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...