fbpx
Таг: влада

таг: влада

Владата подготвува попис на населението

Премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање од Роза Топузова-Каровска, на денешната собраниска седница изјави дека „се прават напори да се спроведе попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект.“ Според Груевски, 70 проценти од прашањата би биле одговорени електронски,...

Учебната година ќе почне на 1 септември, одлучила Владата

Претстојната учебна година, сепак, ќе почне на 1 септември, одлучила Владата на вчерашната седница, на која била разгледувана иницијативата на хотелиерите, летниот распуст да трае до 15 септември поради лошата туристичка сезона во мај и во јуни. Владината одлука, денеска на прес-конференција ја соопшти заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, посочувајќи дека таа произлегла од консултациите со стручни лица...

Дополнителни препораки за заштита од високата температура

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, донесе дополнителни мерки за заштита на населението од високата температура, особено по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) завредности на температурата од портокалова фаза, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден. Донесена е препорака за ослободување од работните обврски на сите лица што работат со скратено работно време поради здравствени причини....

ЛП: Укинувањето на законот за хонорарци укажува на скриени намери на Владата

За Либерална партијa, иницијативата за укинување на давачките за хонорарците е добредојдена, но истовремено смета дека моментот на донесување на оваа одлука укажува на скриени (политички) намери на Владата или за најзината дезореиентираност во економскиот дел, стои во реакцијата на ЛП на укинувањето на законот за хонораци. „По ова прашање Владата до скоро беше „глува“ на барањата, протестите и на предлозите...

Твитер-реакции: „Џе сте хонорарци? Се спремате и вие за избори?“

Лавина реакции ги преплави социјалните мрежи по одлуката на Владата да го укине законот за хонорарци, само неколку месеци по донесувањето и по масовните протести. Граѓаните се задоволни од одлуката, но негодуваат затоа што на Владата дури сега, речиси пред избори, ѝ текна да го укине спорниот закон. Фејсбук статуси: Влатко Васиљ Што е следно пред избори? Владата ќе ги враќа и украдените пари?!?! Радмила Шекеринска...

Владата донесе законски измени за намалување на глобите

Владата на Република Македонија денеска на седница усвои дваесетина закони за усогласување на регулативата. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, соопшти дека законите се од различни области: земјоделство, труд и социјална политика, економија, финансии, царина. Според Ѓорѓиев, тие опфаќаат 80-90 отсто од најчестите прекршоци. Како што посочи Ѓорѓиев, новите закони ќе придонесат за растоварување на бизнисот од високи трошоци, имајќи предвид дека висината на глобите...

Спасовски и камперите од пред Влада на еднодевна дружба во Маврово

Општинската организација на СДСМ Маврово и Ростуше, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, реализира еднодневна средба и дружење со граѓаните што 60 дена кампуваа пред Владата на Македонија, соопштија од СДСМ. Како што велат од партијата, целта на оваа средба е дружење и продолжување на стекнатите пријателства, како и симболична благодарност за луѓето што со свoето неуморно присуство пред Владата...

Турција: По нападот во Суруч, седница на Владата за безбедност на границата

Турската влада денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледано зајакнувањето на безбедноста долж границата, по самоубиствениот напад во Суруч во кој загинаа 32 лица, а повеќе од 100 беа ранети. На седницата, со која ќе претседателствува турскиот премиер Ахмет Давутоглу, ќе биде разгледан „акцискиот план“ за безбедност. Давутоглу истакна дека владата ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се осигури...

Тачи: Договорот од Пржино нема да се реализира

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Мариане Берец, изрази песимизам дека ќе се реализира договорот потпишан во Пржино. Тачи рече дека на документот ставил потпис поради една причина. Според него, Договорот претставува најкраткиот пат Aлбанците на предвремените избори да ги турнат од власт ДУИ и Али Ахмети, кој, според лидерот на ДПА, е одговорен за...

Владата демантира дека очилата за сонце на Груевски чинат 60.000 долари

Владата на Македонија испрати демант во врска со пишувањата во дел од медиумите за цената на очилата за сонце на премиерот Никола Груевски. - Сакаме да истакнеме дека се целосно неточни и невистинити наводите објавени во дел од медиумите дека очилата за сонце на премиерот Никола Груевски наводно чинат 60.000 американски долари и тие неточни и невистинити наводи енергично ги демантираме....

Новата грчка влада положи заклетва

Новата грчка влада положи заклетва и веднаш почнува со работа и со анализа на мерките и на барањата на кредиторите. Владата и премиерот Алексис Ципрас ги очекува брз тест, ново гласање во парламентот в среда, за вториот итен пакет приоритети договорен со европските институции. Реконструираната влада со 10 старо-нови протагонисти на министерски и на заменички позиции, во Грција ја оценуваат...

Ципрас направи темелна реконструкција на владата

Среде критична состојба на разгорени пожари низ цела Грција, премиерот Алексис Ципрас го реконструираше владиниот состав. Само преку писмено соопштение до медиумите, Ципрас објави значително изменета, нова влада со 10 нови министри и заменици-министри, преместени од други министерства, но и со целосно нови лица. Надвор од владата е клучно лице како министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, и министерот Димитрис...

Ципрас ја подготвува реконструкцијата на Владата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува во текот на денот да го најави новиот состав на владата. Ципрас по шест месеци на власт, се одлучи за реконструкција и за промена на владиниот кабинет поради поделеноста и во парламентарната група и меѓу неговите министри околу новиот пакет мерки договорени со европските кредитори. Одлуката дојде откако неколкумина министри гласаа против пакетот мерки,...

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалансот на буџетот за 2015 година, соопшти вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Вицепремиерот рече дека се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде што е неопходно во согласност со политиките, мерките и со проектите на Владата, но нагласи дека притоа не се изместени основните макроекономски...

Кампот пред Собранието останува, се чека одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Чуварите на демократијата“ од кампот во паркот Жена-борец спроти Собранието сè уште ја чекаат одлуката на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе знаат дали ќе се повлечат како активистите од спротивниот табор, кои денеска ги кренаа шаторите од „Кампот на слободата“ пред Владата. Во кампот спроти Собранието денеска владееше вообичаена атмосфера, како и во изминатите денови. Иако од кампот вчера за...

Се растура кампот пред Влада

Во тек е растурање на „Кампот на слободата“ откако синоќа лидерот на опозицијата, Зоран Заев, им се заблагодари на камперите, оддавајќи им признание за нивната истрајна поддршка во борбата. Поголем дел од кампот е растурен, дел од шаторите се подигнати, инвентарот е подготвен за носење, бината се демонтира, камперите се пакуваат. Пред Влада нема поголема раздвиженост. Помалите шатори на тревникот сè уште...

Димовски: Министри и пратеници нема да бидат на чело на владата пред изборите

Премиерот што ќе ја раководи владата во периодот од 100 дена пред изборите, закажани за 24 април следната година, а ќе биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде функционер на партијата кој во моментот извршува каква било политичка функција, изјави Илија Димовски, во интервју за телевизијата „Канал 5“. „Партијата ќе си постапува врз база на статурните одлуки и ќе одлучи кој...

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“. „Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност...

ДУИ за договорот: Македонија од синоќа е посилна

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го поздрави вчерашниот договор, за како што се вели во соопштението од партијата, „единствената отворена точка од договорот од 2 јуни, која се однесуваше на формата на владата што ќе ги организира предвремените избори“. „Македонија од синоќа е посилна, ја врати политичката стабилност и се доближи уште повеќе до НАТО и до ЕУ. ДУИ им...

Камповите чекаат сигнал од партиите дали и кога да се растурат

Од „Кампот на слободата“ пред Владата и од „Чуварите на демократијата“ пред Собранието, по постигувањето на договорот меѓу политичките лидери за решавањето на кризата, со позитивна оцена за договореното и со подршка за лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, но со тврдо спротивставени ставови за она што допрва престои, изборите во април догодина. - Синоќа падна диктурата и режимот во...