fbpx

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

-

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“.

„Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност и одговорност пред јавноста, која има право да поставува прашања, дури и на теми кои му се чинат непријатни. Ваквиот сериозен испад на Пешевски зборува за неговото ниво на политичка и на општа култура и склоност кон насилно поведение, неспоиви со носител на висока функција во владата, па затоа нужно е тој да понесе политичка и кривична одговорност“, стои во соопштението на „Новинарски пленум“.

Оттаму апелираат „Владата, премиерот и неговата партија да се дистанцираат од овој насилен, антицивилизациски и недмократски акт на Пешевски“.

Од „Новинарски пленум“ ги повикуваат сите колеги и граѓани да се приклучат на утрешниот протест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...