Дополнителни препораки за заштита од високата температура

-

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, донесе дополнителни мерки за заштита на населението од високата температура, особено по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) завредности на температурата од портокалова фаза, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Донесена е препорака за ослободување од работните обврски на сите лица што работат со скратено работно време поради здравствени причини. Се препорачува да се избегнува вршење градежни работи на отворено во периодот од 11 до 17 часот, наместо досегашната мерка која се однесуваше на периодот од 12 до 17 часот.

Владата донесе препорака за поактивен пристап на надлежните служби, односно Министерство за труд и социјална политика, локалната самоуправа, Црвен крст, кои во координација треба да ги детектираат осамените, изнемоштени лица, да им пружат неопходна помош од храна и од вода за пиење, додека за бездомниците и за децата на улица да се обезбедат климатизирани простории каде ќе престојуваат во текот на најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот.

Продолжуваат да важат препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и на хронично болните лица постари од 60 години.

За населението и понатаму важат општите препораки за заштита од висока температура, односно во текот на екстремно топли денови да се престојува во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворено, да се овозможат почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце и заштитни очила и капа. Покрај тоа, се препорачува да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, како и да се внесуваат големи количества течности (најдобро обична вода за пиење), а да се избегнуваат алкохолни пијалаци.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...