fbpx

Новата грчка влада положи заклетва

-

Новата грчка влада положи заклетва и веднаш почнува со работа и со анализа на мерките и на барањата на кредиторите. Владата и премиерот Алексис Ципрас ги очекува брз тест, ново гласање во парламентот в среда, за вториот итен пакет приоритети договорен со европските институции.

Реконструираната влада со 10 старо-нови протагонисти на министерски и на заменички позиции, во Грција ја оценуваат како состав без големи и драматични изненадувања, влада која се надева да го засили и стабилизира партиското единство, но најверојатно со краток здив, која ќе работи на тоа да се изгласа и да се спроведе програмата со кредиторите за наесен, веројатно, да се оди или на идеја за влада за национално единство или на избори.

Весникот „То вима“ ја оценува новата влада како влада без бунтовниците од радикалното лево крило, односно министрите Панајотис Лафазанис и Димитрис Стратулис, кои експресно по нивното гласање против мерките беа отстранети од владините позиции. Според весникот, оваа влада нема да има подолг рок од неколку месеци, односно ќе доведе до следната фаза на преговори со кредиторите, која ќе биде повторно со големи барања, но без перипетиите од минатиот период.

Новите министри по преземањето на функцијата истакнаа дека ги чекаат тешки моменти и напорни обврски да се спроведе договореното и истовремено да се направи напор за подобри социјални и финансиски услови за народот.

– Реконструкцијата е прилагодување на новата реалност. Потребен е макотрпен обид и напори за да му олесниме на народот – истакна Панос Скурлетис, новиот министер за енергија, кој доаѓа на место на „непослушниот“ Лафазанис.

Новиот заменик-министер за одбрана, Димитрис Вицас, посочи дека за Грција се дојдени тешки времиња и владата ќе мора да создаде подобри услови преку константна работа. Заменик-министерот Трифон Алексиадис, кој ја наследи Надиа Валавани, заменик-министерката што си даде оставка поради новите мерки, посочи дека треба да се работи активно на згаснување на пожарот од даночните избегнувања.

По реконструкцијата и по гласањето на втората листа приоритети следнава недела, се очекува Ципрас да се зафати и со прочистување на партијата и на парламентарната група, односно оние триесетина пратеници што покажаа непослушност и гласаа против мерките, наместо да застанат во одбрана на владината политика.

Новиот состав на владата не предизвика големо воодушевување кај опозицијата. Партијата Река го критикуваше Ципрас дека наместо да направи храбри промени кои се потребни во моментов, само рециклира стари соработници и луѓе од доверба и прави незаначајни промени кои нема да доведат до потребните резултати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...