четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: заклетва | 17 резултати

Џолев даде заклетва и стана претседател на Основниот суд во Скопје

10 ноември 2017

Новиозибраниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев денеска даде свечена изјава пред членовите на Судскиот совет, со што и официјално стапи на функцијата. Судскиот совет пред два дена со 11 гласа „за“ и два „против“, го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот […]

Џон Кели стана новиот шеф на кабинет на Трамп

31 јули 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп го постави пензионираниот генерал на маринскиот корпус, Џон Кели, за нов шеф на својот кабинет. Трамп на церемонијата на полагањето заклетва во Белата Куќа рече дека Кели „спектакуларно ќе си ја работи работата“. Претседателот на САД претходно на „Твитер“ порача дека нема хаос во Белата куќа, додавајќи дека ситуацијата е „многу добра“. […]

Илир Мета положи заклетва како нов претседател на Албанија

24 јули 2017

Новиот претседател на Албанија, Илир Мета, формално стапи на должност положувајќи заклетва за време на вонредното заседавање на парламентот. Мета денеска свечено вети дека ќе го почитува Уставот и законите на земјата, дека ќе ги почитува правата и слободите на граѓаните, дека ќе ја брани независноста на Албанија и дека ќе служи на општ интерес […]

Вучиќ положи заклетва, се степаа неговите поддржувачи и противници

31 мај 2017

Досегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, денеска положи заклетва пред пратениците во Собранието на Србија, со што и официјално ја презеде должноста претседател во наредниот петгодишен мандат. На специјално изработен примерок на српскиот устав и реплика на Мирославовото евангелие, Вучиќ се заколна дека како претседател „сите свои сили ќе ги посвети на зачувување на суверенитетот […]

Најавени протести во Белград по повод заклетвата на Вучиќ за нов шеф на државата

30 мај 2017

Досегашниот премиер и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе положи заклетва пред пратениците во собранието на Србија и ќе ја преземе должноста шеф на државата. Според пишувањата на српските медиуми, Вучиќ ќе ја положи заклетвата над специјално изработен примерок на уставот на Србија, на кој заклетва ќе полагаат идните претседатели, а под уставот […]

Тилерсон положи заклетва како нов државен секретар на САД

2 февруари 2017

Новиот американски државен секретар, Рекс Тилерсон, положи заклетва откако Сенатот го одобри неговото именување и со тоа и официјално стапи на должност. Американскиот претседател Доналд Трамп за време на церемонијата во овалната соба, рече дека „дошло време на надворешните работи да се гледа со јасен фокус“. Тој го пофали искуството на поранешниот извршен директор на […]

Новата естонска влада положи заклетва

23 ноември 2016

Новата естонска коалициска влада денеска положи заклетва на церемонија во парламентот во Талин. Кабинетот на премиерот Јуриј Ратас, кој го сочинуваат 15 членови, ќе ја замени владата на Тави Роивас, кој поднесе оставка од функцијата премиер бидејќи му беше изгласана недоверба во собранието. Ратас кој е поранешен градоначалник на Талин, ја предводи тричлената коалиција во […]

Шпанија доби влада по 10 месеци криза

31 октомври 2016

Шпанскиот конзервативен лидер Маријано Рахој положи заклетва за местото премиер на Шпанија. Рахој ја положи заклетвата пред кралот Фелипе, со што се стави крај на десетмесечната политичка криза во земјата. Маријано Рахој вчера во шпанскиот парламент доби поддршка за состав на новата влада. Се очекува новиот премиер в четврток да го соопшти составот на владата. […]

Пет лица од Косово осудени за тероризам

18 јули 2016

Косовскиот суд им одреди затворска казна на пет лица поради тероризам. Казните се движат од четири до 13 години затвор, а досудени се поради учество во Исламска држава. „Нивната цел била да положат заклетва на терористичката организација Исламска држава и да објават на интернет за да се покаже присуство на Исламската држава на Косово“, се […]

Новиот исландски премиер положи заклетва

7 април 2016

Новиот исландски премиер, Сигурдур Инги Јохансон, денеска положи заклетва на функцијата откако неговиот претходник поднесе оставка поради скандалот со „Панама пејперс“, јавуваат светските агенции. Одлуката Јохансон да биде именуван за премиер ја донесе исландската владејачка коалиција од десниот центар. Јохансон, кој е поранешен министер за риболовство и за земјоделство, ја презеде владата од Сигмундур Гунлаугсон […]

Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

21 септември 2015

Алексис Ципрас и официјално го почна својот втор мандат како премиер. Вечерва тој, во претседателската палата во Атина, поднесе заклетва како нов премиер. Новиот состав на владината коалиција СИРИЗА – Независни Грци се очекува да биде соопштен набргу и новата влада да поднесе заклетва и да почне со работа утре или најдоцна в среда, кога Ципрас експресно […]

Новата грчка влада положи заклетва

18 јули 2015

Новата грчка влада положи заклетва и веднаш почнува со работа и со анализа на мерките и на барањата на кредиторите. Владата и премиерот Алексис Ципрас ги очекува брз тест, ново гласање во парламентот в среда, за вториот итен пакет приоритети договорен со европските институции. Реконструираната влада со 10 старо-нови протагонисти на министерски и на заменички […]

Заклетва дадоа 226 војници за доброволно служење во АРМ

7 ноември 2014

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, 226 војници дадоа свечена заклетва, а меѓу нив и 14 девојки. Оваа 24. генерација војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија ќе има интензивна тримесечна обука. На свеченоста беше присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека вработените во Министерството и припадниците на Армијата ќе сторат […]

Страна 1 од 1