fbpx

Камповите чекаат сигнал од партиите дали и кога да се растурат

-

Од „Кампот на слободата“ пред Владата и од „Чуварите на демократијата“ пред Собранието, по постигувањето на договорот меѓу политичките лидери за решавањето на кризата, со позитивна оцена за договореното и со подршка за лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, но со тврдо спротивставени ставови за она што допрва престои, изборите во април догодина.

– Синоќа падна диктурата и режимот во Македонија. Оттука па натаму сè ќе биде поинаку. И во периодот што доаѓа ќе има доста работа, односно одредени политичко-технички работи, но она што е важно е што е создадена платформа за праведна борба и што почна враќањето на слободата и на демократијата во државата – вели за „Мета“ Зоран Димовски од камот пред владата.

Во кампот пред владата, неколку часа по постигнувањето на политичкиот договор, нема голема раздвиженост и метеж.

Напротив, атсмоферата е опуштена и мира, а од разгласите ечи музука.

– Сметам дека лидерот Заев го извлече максимумот и го постигна она што беше наведено во барањата. Тој го понесе целиот товар на себе и успеа во борбата. Од друга страна, сметам дека Груевски овојпат нема да може да ескивира и ќе мора да се држи до договореното – вели Катерина Димитрова од Струмица.

За тоа што ќе се случи со кампот по постигнатиот договор, активистите велат дека ја чекаат одлуката на извршните органи на СДСМ.

На не цел километар од Владата, во кампот во паркот Жена-борец спроти Собранието, „Чуварите на демократијата“ исто така ја очекуваат одлуката на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали ќе останат или кампот ќе биде тргнат.

Оттаму велат дека за тоа ќе се одлучува вечерва.

– Само од општински комитет кога ќе ни кажат да се повлечеме, ние ќе се повлечеме – вели Примислав Николоски.

За политичкиот договор, тој вели дека требало да биде постигнат порано, а за тоа кој бил во право, ќе покажат изборите.

– Овој македонски народ толку е напатен за оваа држава, а некој од страна да зема пари и да иритира народ, тоа е жалосно и трагедија. Изборите ќе кажат кој ќе победи. Дали има победници или не, тоа си знае премиерот. Мислам дека премиерот е паметен човек и до сега сè што има направено и како има направено е за целиот македонски народ. А некој да си игра со тој народ, не е добро. Народот ќе му врати за тоа – вели Николоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...