fbpx

Ципрас направи темелна реконструкција на владата

-

Среде критична состојба на разгорени пожари низ цела Грција, премиерот Алексис Ципрас го реконструираше владиниот состав. Само преку писмено соопштение до медиумите, Ципрас објави значително изменета, нова влада со 10 нови министри и заменици-министри, преместени од други министерства, но и со целосно нови лица. Надвор од владата е клучно лице како министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, и министерот Димитрис Стратулис, кои гласаа против мерките, а сменет е и владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис. 

Министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, е еден од малкуте што останаа, но има целосно нови заменици. За заменик-министерка за европски прашања е назначена Сиа Анагностопулу, професорка по историја на атинскиот универзитет и досегашен секретар на Комисијата за одбрана и надворешна политика и член на комисијата за европски прашања. Нов заменик-министер за надворешни работи е Јанис Аманатидис, кој е професор и досега беше активен за прашања на Грците од дијаспората. 

Променет е министерот за енергија и отсега на таа позиција е Панос Скурлетис. Измени и нови министри и заменици има и во министерството за труд и социјални прашања, министерството за внатрешни работи, министерството за реформи, министерството за финансии, одбрана, како и владиниот потпарол, каде на местото на Сакеларидис доаѓа Олга Геровасили.

Ципрас во рамки на реконструкцијата креираше и нова посебна Комисија за борба против корупцијата, во која ќе учествуваат заменик-министрите за економија, внатрешни работи и за правда.

Независни Грци остануваат владин коалициски партнер и добија уште еден министер плус во реконструкцијата.

Реконструкцијата падна во сенка на борбата за смирување на разгорените пожари во Атина и на Пелопонез, поради што заклетвата на владата е одложена најверојатно за утре.

Во текот на денот низ државата се разгореа 49 шумски пожари, но најголеми засега се оние во Атина и на Пелопонез, каде се забележани огромни материјални штети.

На Пелопонез од срцев удар почина еден турист. Засега нема други жртви, голем дел од селата во Неаполи Лакониа, каде е разгорен пожарот, се евакуирани за да се избегнат човечки жртви паралелно со огромната природна катастрофа. Пожарникарните служби остануваат активни и во текот на ноќта, но веќе ја немаат помошта од хеликоптерите и од авионите. Грчката влада побара помош од европскиот механизам за справување со кризи, а ако работите не се стават под контрола, од утре можно е да биде побарана помош и од соседните држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...