fbpx

Димовски: Министри и пратеници нема да бидат на чело на владата пред изборите

-

Премиерот што ќе ја раководи владата во периодот од 100 дена пред изборите, закажани за 24 април следната година, а ќе биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде функционер на партијата кој во моментот извршува каква било политичка функција, изјави Илија Димовски, во интервју за телевизијата „Канал 5“.

„Партијата ќе си постапува врз база на статурните одлуки и ќе одлучи кој ќе биде тој човек што ќе ја раководи владата во тие 100 дена. Но, можам да потврдам дека ниту еден функционер од ВМРО-ДПМНЕ на министерска, пратеничка или значајна политичка функција што сега извршува таква функција нема да биде тоа, односно тоа ќе биде лице што не извршува таква функција“, изјави Димовски во интервјуто.

Инаку, како што соопшти премиерот Никола Груевски, синоќа, во согласност со постигнатиот договор, станува збор за системско решение, односно отсега па за сите наредни парламентарни избори, 100 дена пред изборите, владата ќе се повлече и ќе се формира влада за спроведување на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...