fbpx

Пешевски на „Фејсбук“: Жалам за денешниот тек на настаните

-

„Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и од крајно негативното искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна“, стои во реакцијата на вицепремиерот Владимир Пешевски, објавена на неговиот фејсбук-профил, за денешениот инцидент со сопственикот на порталот „Мактел“.

„Во врска со денешниот настан би сакал да дадам свое гледање на нештата. Најпрвин би сакал да искажам жалење за денешниот тек на настаните. Агресивноста никогаш не била својствена за мојот карактер ниту, пак, сметам дека таа може да биде решение за проблемите“, вели Пешевски на „Фејсбук“.

Тој вели дека ова бил трет настан поврзан со Ивановски. Првиот, според Пешевски, се случил во Битола, каде тој бил со сопругата и со децата, а Ивановски го провоцирал.

„Тогаш го затворив прозорот и го напуштив местото, не сакајќи пред децата да правам инцидент. Вториот пат беше настанот во „Александар палас“, каде на официјален настан и покрај тоа што Ивановски можеше да поставува прашања на самиот настан, тој одбра да оди со провокации по завршување на настанот. Третиот настан беше денешниот, каде бев целосно приватно, без обезбедување, на пауза за ручек, прво со членови на семејството, а потоа се приклучија и некои мои пријатели. Пред да се случи самиот инцидент со Ивановски, имаше провокации кон мојата маса од соседна маса од други лица, на кои немав никаква реакција. Очигледно е дека истите лица од соседната маса кои провоцираа и дофрлаа навреди на мое лично ниво, а кои потоа и го снимаа настанот, го повикаа Ивановски да дојде и да ја направи својата веќе стандардна провокација. Кога се појави Ивановски, и јас решив да си одам, знаејќи дека се работи за лице кое се поврзува со голем број инциденти, со нестабилно однесување, и за лице кое и претходно има направено инвазија на мојот личен простор. Потоа, кога ми се приближи од зад грб, реагирав одбранбено и инстиктивно. Мојата реакција беше пресилна и преемотивна, но при тоа сепак немаше никаков физички контакт меѓу мене и Ивановски, што може да се види ако внимателно се погледне снимката“, вели Пешевски.

Инаку, од СДСМ и од „Новинарски пленум“, преку соопштенија денеска побараа одговорност и оставка од вицепремиерот Пешевски поради инцидентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...