ЛП: Укинувањето на законот за хонорарци укажува на скриени намери на Владата

-

За Либерална партијa, иницијативата за укинување на давачките за хонорарците е добредојдена, но истовремено смета дека моментот на донесување на оваа одлука укажува на скриени (политички) намери на Владата или за најзината дезореиентираност во економскиот дел, стои во реакцијата на ЛП на укинувањето на законот за хонораци.

„По ова прашање Владата до скоро беше „глува“ на барањата, протестите и на предлозите и на хонорарците, и на ЛП, и на јавноста воопшто, за сега, по само шест месеци од примената на законот, истиот, по предлог на истата Влада, да се укине од Собранието со бледо и неаргументирано објаснување“, стои во соопштението на ЛП.

Од партијата нотираат и дека со ребалансот Владата го зголемува буџетот, а истовремено донесува акти кои ги редицираат приходите во него, што според ЛП, наметнува две прашања: дали ќе се бараат нови извори на финансирање на овие намалени предвидени приходи за буџетот или ќе се менуваат висините на давачките и на казните веднаш по изборите во 2016 година.

„Затоа Комисијата за економија и за финансии на ЛП бара Владата јавно да го декларира траењето на ваквото намалување на буџетските приходи од давачки и од казни, онака како што (си) задава рокови за одредени мерки при проектите за вработувања, независно од пазарната динамика на економијата. Сметаме дека само на овој начин јавноста и стопанството ќе можат да ја проценат одржливоста на владините мерки што ги предлага, заедно со транспарентен увид во проекциите на приливите на јавните средства, бидејќи пресметливоста е основа за стабилноста на финансискиот систем и на економијата во Македонија“, велат од Либерална партија.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...