Во тек е растурање на „Кампот на слободата“ откако синоќа лидерот на опозицијата, Зоран Заев, им се заблагодари на камперите, оддавајќи им признание за нивната истрајна поддршка во борбата.
Поголем дел од кампот е растурен, дел од шаторите се подигнати, инвентарот е подготвен за носење, бината се демонтира, камперите се пакуваат.
Пред Влада нема поголема раздвиженост. Помалите шатори на тревникот сè уште стојат и во текот на денот ќе бидат отстранети.
„Кампот на слободата“ беше формиран на 17 мај, вечерта по големиот граѓански протест, а камперите останаа таму два месеци за премиерот Никола Груевски да си замине од власт.
Одлуката за растурањето на кампот падна откако лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, постигнаа договор за излез од политичката криза во државата.