fbpx

Изгласани новите мерки, 38 пратеници му завртеа грб на Ципрас

-

Со 228 гласа „за“, грчкиот парламент го изгласа новиот пакет мерки. Против мерките гласаа 54 пратеници, а воздржани беа шестмина. Иако мерките поминаа со големо мнозинство, речиси историско, ова гласање беше поразувачко за премиерот Алексис Ципрас и за СИРИЗА. Дури 38 пратеници од левичарската партија не ги поддржаа мерките, со што е зададен сериозен удар на парламентарното единство и на поддршката за Ципрас и се поставува дилема што ќе се случува следно со владата и со политичката партија.

Против мерките гласаа поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, претседателката на собранието, Зои Константопулу, министерот Панајотис Лафазанис и уште четворица министри и поранешната заменик-министерка за финансии, Надиа Валавани. Против мерките од опозицијата гласаше само Кирјакос Мицотакис.

Премиерот Ципрас пред гласањето истакна дека секој глас „против“ е глас против левичарската влада, како и дека тој ќе преземе одговорност за сè, но нема да биде тој што ќе ја урне првата левичарска влада.

По оваа голема загуба од речиси 40 пратеници, останува отворено прашањето кои се следните чекори на Ципрас во врска со владата, односно дали ќе се одлучи за реконструкција и ако да, колку драстична би била таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...