fbpx

Владата подготвува попис на населението

-

Премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање од Роза Топузова-Каровска, на денешната собраниска седница изјави дека „се прават напори да се спроведе попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект.“

Според Груевски, 70 проценти од прашањата би биле одговорени електронски, а теренските активности би покриле 30 проценти од пописот.

– Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите матични евиденции што постојат во Македонија и со тоа нашите процени се дека околу 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени, односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните, туку софтверски, компјутерски, со електронско поврзување на матичните евиденции, ќе се соберат сите потребни одговори – рече Груевски.

За теренскиот дел, исто така, биле потребни подготовки.

– Клучната работа во овој дел е да се изврши набавка на т.н. „фингерпринт“ или систем за електронска проверка на биометриските податоци на тој што треба да се попише, за да се потврди дека тој е во земјата и дека тој е тој што го дава одговорот на прашањето. Без такво нешто, секогаш би имало сомнежи дали навистина човекот што требало да одговори одговорил, дали одговорил некој друг итн. – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...