fbpx
Таг: влада

таг: влада

Активистите се оградија од Владата

Владата на Република Македонија денеска се најде зад картонска ограда поставена пред оградата од ковано железо што деновиве се подигнува. Група граѓани и активисти од невладини организации на овој начин се оградуваат од, како што велат, криминалите и злоупотребите за кои се обвинети владините функционери, пишува „А1 он“. „И ние се оградуваме од вас“, пишуваше на графитот на картонската ограда. Активистите...

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ има синдром наречен уривање

Тоа што е договорено ќе се реализира, а најдобар показател за тоа е фактот дека Никола Груевски инсистира да има специјален јавен обвинител, како услов СДСМ конечно да се појави пред народот и да го погледне в очи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, според кој Груевски не сака да се избере специјален обвинител. „Во СДСМ...

Шилегов: Нема бегање од изборот на специјален јавен обвинител

Мое лично, непартиско мислење е дека треба да се врати стариот изглед на објектот на зградата, изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ планира да го врати стариот изглед на Владата на Македонија. Шилегов рече и дека нема да се избега од изборот на специјален јавен обвинител. - Бегање од изборот на специјален јавен обвинител нема,...

Ципрас не сака влада со Нова демократија

Алексис Ципрас отфрла секаква можност за коалициска влада со Нова демократија. Неговиот опонент, прв човек на десничарската партија, Евангелос Меимаракис, пак, продолжува да бара изборите да донесат голема коалициска влада. На прес-конференцијата од Солун, во рамки на посетата на вториот најголем грчки град, по повод отворањето на меѓународниот саем ХЕЛЕКСПО, Ципрас посочи дека не е можно да има соработка меѓу...

Ариф: Владата и УНХЦР мора да бидат подготвени за зимскиот наплив на мигранти

Двајца експерти од седиштето на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во моментот се во Скопје, каде заедно со претставници на Владата, полицијата и со другите партнери на ОН во земјава, разговараат и ги разгледуваат можните сценарија за тоа како ќе се одвива бегалската и мигрантската криза со која се соочува земјата, особено во зимскиот период, вели во...

Груевски: Владата има пари за проекти во Куманово, само Општината треба да ги побара

Владата има планирано средства во износ од неколку милиони евра за проекти во општината Куманово, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Куманово и на околните општини, но забележа дека и покрај предвидените пари, Општината досега не побарала и не аплицирала со ниту еден проект. - Ние, како Влада, секоја година даваме одредени средства од Програмата за рурален развој...

Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека донел одлука да...

Француски министер предлага формирање економска влада на еврозоната

Францускиот министер за економија, Емануел Макрон, денеска предложи формирање „силна економска влада“ на еврозоната со свој буџет, тврдејќи дека зачувувањето на заедничката валута бара финансиски трансфери од нејзините најсилни економии. Во интервју за германскиот весник „Зидојче цјтунг“, Макрон рекол дека комесар со широки овластувања треба да биде на чело на економската влада, која би требало да осигури финансиски трансфери за...

ЛП: Според Владата, странските инвеститори се нивни, домашните се опозициски

„Претседателот на Владата покажува партиска опседнатост и во економијата, со што ги дели бизнисите по партиска основа и тоа: странските се нивни, а домашните се на опозицијата“, стои во соопштението на Либералната партија, со кое од партијата реагираат на последните изјави на премиерот Никола Груевски, со кои „тој уверува дека домашните и странските инвеститори имаат еднаков третман“. „Либералната партија ги оценува...

Привремената влада на Грција денеска ќе положи заклетва

Новата привремена Влада на Грција, што ќе ја води земјата до парламентарните избори, денеска ќе положи заклетва. Времената премиерка на Грција, Василики Тану која вчера положи заклетва, синоќа и официјално ја презеде функцијата од Алексис Ципрас. ѓМинистер за надворешни работи ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос, министер за внатрешни работи Андонис Манитакис, за...

Котевски: Вонредната состојба е сè уште на сила и ќе трае дури има потреба

Одлуката за прогласување на вонредна состојба што во средата, 19 август,  ја донесе Владата поради големиот наплив на бегалци и мигранти, е сè уште на сила, вели за „Мета“, помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. А, колку ќе трае кризната состојба, врз основа на која беше ангажиран и дел од Арамијата на Република Македонија (АРМ)...

Полицијата ја отвори границата – 4.000 мигранти ја преплавија Гевгелија

Неколку часа откако мигрантите на неколку наврати го пробија полицискиот кордон и насилно влегоа во Македонија, речиси сите останати мигрантри кои беа заглавени во безграничната зона со Грција се пуштени во земјава, јавуваат активистите за човекови права и светските агенции. Зад оградата, во делот меѓу двете земји се останати само уште околу 200 лица. Според информациите од теренот, околу 4.000...

Либералите го поздравија дополнителното обезбедување на границата

Либералната партија го поздравува дополнителното обезбедување на јужната и на северната граница и истовремено ја повикува Владата да започне интензивна комуникација со европските и другите држави од регионот, „така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија до нивно безбедно заминување кон посакуваните дестинации во земјите од Европската унија“, соопштуваат од партијата. „Разбирливи...

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе на јужната и северната...

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

Владата на вчерашната седница поради зголемениот прилив на мигранти во државата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница. Ова денеска на прес-конференција го соопшти помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, додавајќи дека согласно законските прописи за обезбедување на јужната граница ќе биде ангажирана и Армијата на РМ. Како што соопшти...

Грчката влада одбива нови преговори за концесијата на 14 аеродроми

Владата во Атина го отфрли барањето за нови преговори за договорот со кој компанијата „Фрапорт“, која е под контрола на германската Влада, доби концесија за управување со 14 најголеми грчки аеродроми. Грчката влада минатата година се противеше на договорот за концесија, вреден 1,23 милијарди евра, но сега беше принудена да го прифати со цел да обезбеди финансиска помош од странство. Владата...

Унгарија ќе ангажира илјадници полицајци на границата со Србија

Лазар Јанош, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер денеска информираше дека поради контрола на миграцијата, владата одлучила да ангажира неколку илјадници полицијци долж границата со Србија. Пограничните единици ќе работат заедно со полициските сили. Јанош информираше и дека унгарската влада побарала од пратеничките групи на владејачката коалиција да покренат постапка за закажување на вонредна седница на Парламентот на која...

Грчкиот министер за енергетика најави гласање доверба на владата

Грчкиот министер за енергетика Панос Скурлетис изјави дека владата ќе побара во парламентот да се гласа доверба после побуната меѓу пратениците на владејачката СИРИЗА поради усвојувањето на новиот финансиски пакет од договорот со кредиторите. Владата претходно објави дека приоритет и е да обезбеди почеток на ново финансирање од меѓународните кредитори, со цел Грција да може да го плати долгот од...

Владата се задолжи со 4,4 милиони евра

Преку аукција на еден државен запис и на две државни обврзници, Владата се задолжи со 4,4 милиони евра. Дел од парите ќе треба да се вратат за една година, а дел во 2025, односно во 2030 година. Според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг на Македонија изнесува 3,92 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП.

Пешевски: Владата ќе додели помош по 30.000 денари за настраданите семејства во Тетовско

Повеќе од 200 објекти, приватни куќи, државен имот, земјоделско земјиште и инфраструктура се оштетени во невремето што вчера го зафати Тетовско. Сите жители што претрпеле некаква штета ќе добијат помош од 30.000 денари, соопшти вицепремиерот Владимир Пешевски, по специјалната седница на Владата за катастрофалните последици од невремето во Тетово. Првичните процени на координативното тело формирано од Владата, Општината и од повеќе надлежни...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...