fbpx

Ариф: Владата и УНХЦР мора да бидат подготвени за зимскиот наплив на мигранти

-

Двајца експерти од седиштето на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во моментот се во Скопје, каде заедно со претставници на Владата, полицијата и со другите партнери на ОН во земјава, разговараат и ги разгледуваат можните сценарија за тоа како ќе се одвива бегалската и мигрантската криза со која се соочува земјата, особено во зимскиот период, вели во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“, претставникот на УНХЦР во земјава, Мохамад Ариф.

„Сега е септември и за еден и пол месец мислам дека ќе почне и зимата. Поради тоа ние размислуваме и разговараме што треба да се направи и како Владата треба да се подготви со помош на ОН и на другите партнери, за да одговори на сите евентуални случувања кои би биле поголеми и посериозни во споредба со она што го видовме досега“, вели Ариф во интервјуто.

Според претставникот на УНХЦР, бројот на мигрантите кои доаѓаат во земјава во иднина дополнително да се зголемува, а за колку, засега никој не може да процени.

„Сега е многу тешко да се каже точно колку ќе дојдат во земјава, бидејќи ние немаме индикатори и навистина не мислам дека полицијата во Грција или Турција може да ни даде индиција колку треба да очекуваме дека ќе влезат во земјава и во Србија. Тешко е, но една работа што е најверојатно дека ќе се случи, освен ако некаде не се случи голема промена, е дека бројот ќе се зголемува. Затоа е важно Владата и ние, заедно, да бидеме подготвени за справување со ситуација каква што ќе настане“, вели Ариф.

На прашањето како го коментира прогласувањето на кризната состојба, претставникот на УНХЦР во земјава вели дека „навистина не знам зошто беше потребно Владата да го преземе тој чекор, но можно е тие да имаат своја логика и свои причини за тоа“.

Според Ариф, Владата и УНХЦР треба да подготват план кој треба ефикасно да одговори во случај работите да се влошат , односно ако проблемот стане поголем, „ако бројките се дуплираат или триплираат, ако почнат да се затвораат границите, а имате луѓе кои се заглавени тука и доаѓа зима, поради што мораме да бидеме подготвени за справување со проблемите“.

Претставникот на УНХЦР смета дека бегалците и мигрантите не претставуваат опасност за безбедноста на земјата, но додава дека Владата треба да има систем за регистрација и проверка за да се „обезбеди да нема ризик“.

„Не би требало да има безбедносен ризик, но, се разбира, Владата треба да има систем за регистрација и за проверка за да се обезбеди дека нема ризик. Дали видовме досега некаков безбедносен ризик од бегалците? Јас не се сеќавам на такво нешто. Овие луѓе не сакаат да останат ни ден, сакаат побргу да ја минат земјата“, вели Ариф за РСЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...