Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.165 мигранти, кои влегле во земјава, од кои најголемиот број се сириски државјани.
Со последните регистрирани мигранти, вкупниот број на странски државјани што добиле ваков докумет за транзит низ територијата на Македонија, според МВР, изнесува 62.586 луѓе.
Како и завчера, така и во последните 24 часа, ниту еден мигрант не побарал азил во земјава.
Според МВР, од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, досега, само 49 мигранти побарале азил во Македонија. Од нив 36 лица се сириски државјани, додека другите се со потекло од Пакистан, Авганистан, Мароко, Алжир, Ирак и од Египет.