fbpx

„Охрид СОС“ повикува за спас на Националниот парк „Галичица“

-

Активисти на Граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ повикуваат на спас на Националниот парк „Галичица“, апелирајќи до сите граѓани да земат активно учество на јавната расправа за измени во планот за управување со паркот и да го искажат своето мислење за планираните градежни активности.

Јавната расправа ќе се одржи на 11 септември, со почеток во 12 часот, во просториите на ЈУНП „Галичица“ во Охрид. Ќе се дебатира за деградирањето на зоните во паркот за имплементација на проектите.

– Националниот парк „Галичица“ веќе и официјално е во опасност од уништување. Новите измени во планот за управување со Националниот парк, кои јавно се изнесени на официјалната интернет-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина за изградба на ски-центар, експресен пат широк 14 метри и туристичко-развојна зона во Отешево, Стење и во Љубаништа. Ваквиот мегаломански потфат би подразбирал целосно уништување на шареноликоста на оваа природна убавина, која токму и произлегува од специфичниот склоп на ендемични и автохтони видови, особено оние во жариштето на нејзиниот биодиверзитет – велат од „Охрид СОС“.

Вкупната површина на предлог-проектот се протега на 324,62 хектари, од кои 310,46 хектари се заштитена површина на Националниот парк.

– Експресниот пат не е економски одржливо решение бидејќи по него не смее да се движат пешаци и велосипедисти. Ова ќе го наруши природното движење на авантуристите кои сега може да стигнат до планината директно од сместувачките капацитети – сметаат од „Охрид СОС“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...