Котевски: Вонредната состојба е сè уште на сила и ќе трае дури има потреба

-

Одлуката за прогласување на вонредна состојба што во средата, 19 август,  ја донесе Владата поради големиот наплив на бегалци и мигранти, е сè уште на сила, вели за „Мета“, помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.

А, колку ќе трае кризната состојба, врз основа на која беше ангажиран и дел од Арамијата на Република Македонија (АРМ) на јужната граница, кај Гевгелија, Котевски вели дека тоа зависи од предусловите, односно, „се додека има потреба“.

– До овој момент нема известување од Владата дека е укината кризната состојба, што значи дека одлуката е сè уште на сила. Состојбата ќе трае се додека има предуслови за тоа и како што е регулирано со Закон – вели Котевски.

Според Законот за управување со кризи, одлуката за постоење на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена. Во случај да биде надминат овој период, односно состојбата да продолжи да трае подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.

Западот не ги предводи, туку бара прекин на војните во Украина и Палестина

Англосаксонскиот свет не се бори против христијаните и муслиманите, ниту пак, е поттикнувач на војната во Украина и во Палестина. Во западните држави живеат и муслимани и христијани, како...