fbpx

Ципрас не сака влада со Нова демократија

-

Алексис Ципрас отфрла секаква можност за коалициска влада со Нова демократија. Неговиот опонент, прв човек на десничарската партија, Евангелос Меимаракис, пак, продолжува да бара изборите да донесат голема коалициска влада. На прес-конференцијата од Солун, во рамки на посетата на вториот најголем грчки град, по повод отворањето на меѓународниот саем ХЕЛЕКСПО, Ципрас посочи дека не е можно да има соработка меѓу СИРИЗА и Нова демократија.

– Добро би било Меимаракис да се извини за она што неговата партија го направи изминатите 40 години. Оксиморон е да бара соработка со некој кого го нарекува лажго. Или СИРИЗА или Нова демократија ќе биде на власт, тоа е дилемата на изборите – истакна Ципрас, додавајќи дека народот ќе треба да одлучи од која партија сака да биде воден во иднина.

Забележа дека и понатаму за него патот кон враќањето на драхмата не е пат за излез од кризата, туку дека е неопходно спроведување и одржување на договорот постигнат со меѓународните кредитори, како единствено решение за излез од кризата и за подобрување на економската ситуација во државата. Според Ципрас, најлошото е надминато за Грција.

Поранешниот премиер негираше дека барал финансиска помош од Русија и истакна дека треба да се подобрат грчко-руските врски, економската и енергетската соработка преку новиот гасовод, кој, според него, од Турција треба да продолжи во Грција, а потоа и кон ЕУ.

Меимаракис и понатаму продолжува со нападите дека Ципрас се однесува неодговорно. Во интервју за „Блумберг“, Меимаракис го нарече поранешниот премиер „разгаленото дете на Европа“.

Според него, неопходно е по изборите да постои голема коалициска влада за полесно да се справи со проблемите што постојат во Грција. Забележа дека верува во компромиси и во соработка, посочувајќи дека Нова демократија во изминатите години покажала дека за доброто на државата секогаш е отворена за соработка.

Меимаракис најави дека веднаш по изборите ќе го повика Ципрас да соработуваат за да се заштити европската иднина и перспектива на Грција. Според него, доколку Ципрас победи и не соработува со другите партии, ќе продолжи да се соочува со внатрешни проблеми и со несогласувања, секогаш кога ќе се обиде да се изгласа и да се спроведе закон од договорената програма за Грција со кредиторите.

Последната анкета на весникот „Вима“ во неделата покажа дека СИРИЗА води со 26,5 отсто поддржувачи, а Нова демократија е веднаш зад неа со поддршка од 25,9 отсто. На трето место и понатаму е националистичката Златна зора со 6,5 отсто рејтинг, ПАСОК има поддршка од 5,8 отсто, Комунистичката партија – 5,3 отсто, а партијата Река, која исто така се надева да биде одлучувачки фактор во идната влада, ужива поддршка од 5,1 отсто.

Новата партија на поранешниот министер за енергија и „отпадник“ од СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, Народно единство, има поддршка од 4,7 отсто според анкетата, а Независни Грци – 3 отсто. За неопределени се изјасниле 11,6 отсто од испитаниците за анкетата на „Вима“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...