fbpx

Француски министер предлага формирање економска влада на еврозоната

-

Францускиот министер за економија, Емануел Макрон, денеска предложи формирање „силна економска влада“ на еврозоната со свој буџет, тврдејќи дека зачувувањето на заедничката валута бара финансиски трансфери од нејзините најсилни економии.

Во интервју за германскиот весник „Зидојче цјтунг“, Макрон рекол дека комесар со широки овластувања треба да биде на чело на економската влада, која би требало да осигури финансиски трансфери за земјите во криза или да ги помогне реформите.

Земјите што го користат еврото, според Макрон, би требало дел од своите приходи да даваат во заедничкиот буџет. Германија, како најсилна европска економија, остро се противи на формирање ваков вид унија.

Макрон вели дека ако членките на еврозоната продолжат да се противат на „секој облик на финансиски трансфер“ во таа зона, „можат да заборават на еврото и на еврозоната“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...