fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Триесетта епизода на „Шорткат“: Заговори за климатските промени

Во 30-тото издание на вестите за млади „Шорткат“ го прикажуваме вториот дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ каде експерти во своите полиња и познавачи на состојбите ги коментираат најголемите митови и заговори. Тема на „Зошто (не) е така?“ овојпат се климатските промени, а дали нештата околу глобалното затоплување се или не се така ни кажуваат Мила Јовановска и...

Основците со едукативен пакет за филмот „Медена земја“ ќе се запознаваат за однос на човекот кон природата

Преку воннаставни активности, пораките од документарниот филм „Медена Земја“ кој во 2020 година се натпреваруваше за „Оскар“, ќе се пренесуваат на учениците на возраст од 10 до 14 години. Едукативниот пакет со кој учениците преку интерактивен пристап имаат можност да се запознаат со клучните пораки од документарецот „Медена Земја“, вчера беше промовиран во Скопје. Едукативниот пакет се состои од три...

Четвртоодделенците полагаа пробен ТИМСС тест по математика и природни науки

Изминатата недела заврши пробното меѓународно тестирање ТИМСС, наменето за ученици во четврто одделение. За прв пат беше изведено на компјутер, а за таа цел Државниот испитен центар (ДИЦ) обезбедил 104 лаптопи со високи перформанси за да може да се одговори на барањата од технички аспект. Како што информираат во ДИЦ, децата одговарале на прашања од природни науки и математика. „Во...

Од понеделник започува обемното тестирање ПИСА за учениците од прва година

Идниот понеделник започнува реализацијата на мeѓународното тестирање ПИСА во земјава, за ученици од прва година средно образование, односно родени 2006 година. Од ова големо тестирање во кое учествуваат 85 држави во светот, ќе бидат дел 8.000 ученици од сите училишта за средно образование во С. Македонија. Како што информира за Мета.мк директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска,...

Координативниот кризен штаб предложи укинување на маските во училиштата и зголемување на дозволениот број на луѓе во затворени простори

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) вчера ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата и упати предлот за измена на одлуката за носење маски во училиштата. Ако Владата го прифати предлогот, учениците во основните училишта ќе посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска....

Заврши пилот-проектот за сексуално образование, учениците сметаат дека треба да се изучува и во пониските одделенија

Вкупно 85 ученици во деветто одделение од три основно училишта, со потпишана согласност од родители, во текот на едно полугодие следеа настава по Сеопфатно сексуално образование (ССО). Пилот-проектот заврши, а интересот кај учениците за овие теми бил голем. Она за што учеле учениците на часовите, на кои им предавале сертифицирани и обучени наставници, биле теми како: сексуално и репродуктивно...

Ученици со предлог за користење на дигитална платформа целат кон поголемо младинско вмрежување

Денеска во просториите на Јавна Соба се одржа средба на која учениците кои се дел од Центарот за фузија на идеи, неформална младинска група, ја презентираа нивната идеја за ученичко вмрежување на национално ниво пред претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука. Станува збор за група високо-мотивирани ученици,...

Основците да не носат маски, предлага Комисијата за заразни болести

Да се укине обврската децата во училиштата да носат маски како заштита од ковид, е една од трите мерки што Комисијата за заразни болести ги предлага, а за кои соопшти на денешниот редовен состанок. „Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, но и на оние критериуми што ги споменавме минатиот пат со кои се обидуваме да ја објективизираме...

Сојуз на средношколци: 66 ученици од СОУ Коста Сусинов веќе цела недела немаат превоз до училиштето

Сојузот на средношколци категорично побара Општина Радовиш да обезбеди превоз за учениците од Конче. „Не само што 66 ученици изгубија цела недела настава, туку превоз до СОУ Коста Сусинов нема и за време на оваа недела“, велат од Сојузот на средношколци. Тие ја повикаа Општина Радовиш да ја исполни својата законска обврска според Член 41-а став 1 од Законот за средното...

Вистиномер: Основците од Општина Аеродром не добија таблети

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, коешто го оцени како неисполнето. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Таблет за секое дете Општината ќе обезбеди таблети за секое дете од 1 до 9 одделение и со тоа ќе ја подигне свеста за дигитализација и модерното време, со што ќе го олесниме товарот на буџетот на...

Скринингот на учениците со нереални бројки: Досега од 800 тестирани само осум позитивни

Од 800 тестирани ученици, само 8 се позитивни на ковид-19, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. Според него, скринингот во основните училишта сè уште не е целосно завршен, а се очекува да бидат тестирани до 2.000 ученици. Но, разочарувачки факт е што од десетици илјади ученици, согласност за тестирање дале само...

Детската згоеност е сериозен проблем кој мора да се решава

Институтот за јавно здравје објави труд во кој се анализирани промените на тежината кај седумгодишните деца во Северна Македонија, во периодот од 2010 до 2019 година. Според наодите во документот, зголемената телесна тежина кај седумгодишните деца значајно пораснала од 34,4 отсто во 2010 година, на 37,3 отсто во 2019 година. Згоеноста, пак, пораснала од 16,3 отсто во 2010, на...

Почна скринингот, 5.000 родители се согласиле на децата да им се земе брис за ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска започна реализацијата на скринингот во неколку oсновни училишта во Скопје. Досега, како што информираат оттаму, се добиени 5.000 согласности од родители за оваа цел. „Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се...

Основците од „Ј.Х.Песталоци“ денеска во посета на Центарот за селекција на отпадот во Карпош

Триесетина ученици од четвртите одделенија од основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската општина Центар во текот на денешниот ден го посетија Центарот за селекција на отпадот во Карпош. Во униформи, при посетата учениците беа придружени од службите на Јавното претпријатие Комунална хигиена од Скопје. „Стручните служби на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги запознаа учениците со работата и активностите на Претпријатието и преку...

Комисијата предлага сертификатот за прележаност од ковид-19 да трае 180 дена

ковид тест
Комисијата за заштита од заразни болести предложи ковид сертификатот по прележана болест наместо 45 да трае 180 дена, соопштија денеска членовите на Комисијата по одржаната седница. „Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот, имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор може да предизвика поголема трансмисија на вирусот,...

Вистиномер: Мали чекори кон големи промени за децата со попреченост во македонското образование

Образовната инклузија е процес што трае повеќе од две децении, којшто се оддолжува не само поради лошите закони, туку и поради ниската јавна свест во општеството, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Четириесет ученици со попреченост од Полошко од оваа учебна година имаат образовни асистенти кои обезбедуваат поддршка во учењето, во рамки на училиштата каде што следат настава. Овој вид...

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во училиштата. Д-р Стојанов вели...

УНИЦЕФ: Одложувањето на учебната година да биде мерка од привремен карактер

Одлуката на Владата за одложување на почетокот на учебната година по зимскиот распуст треба да биде мерка од привремен карактер и треба да се вложат сите напори децата да се вратат во училиште, смета претставничката на УНИЦЕФ во земјава Партиција ДиЏовани. Таа вели дека 2022 не смее да биде уште една година на нарушено учење, туку година во која образованието...

Шаќири апелира во продолжениот распуст да се почитуваат мерките против ковид-19

Новиот министер за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска на прес-конференција апелираше до учениците, родителите, наставниците за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19. „Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите,...

Учениците од утре на тринеделен зимски распуст

Учениците од основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната година. Тие од утре се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на Министерството за образование и наука (МОН) предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, односно тогаш ќе почне второто полугодие. Претходно министерката за образование Мила Царовска рече дека засега нема потреба од продолжување на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...