Сојуз на средношколци: 66 ученици од СОУ Коста Сусинов веќе цела недела немаат превоз до училиштето

Фото: Архива на Мета.мк

Сојузот на средношколци категорично побара Општина Радовиш да обезбеди превоз за учениците од Конче.

„Не само што 66 ученици изгубија цела недела настава, туку превоз до СОУ Коста Сусинов нема и за време на оваа недела“, велат од Сојузот на средношколци.

Тие ја повикаа Општина Радовиш да ја исполни својата законска обврска според Член 41-а став 1 од Законот за средното образование кој гласи – „За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира
бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом“.

Исто така, Сојузот на средношколци ги потсети оптинските власти и на Член 44 од Уставот кој гарантира дека правото на образование е „достапно на секого
под еднакви услови“.

„Превозот до училиштетото е право на секој ученик, а не привилегија дарувана од институциите. Истиот не е знак на нивна добра волја, туку должност кон граѓаните и средношколците“, нагласуваат од Сојузот додавајќи дека  ќе преземат обврска да го информираат Народниот правобранител за овој проблем.