Триесетта епизода на „Шорткат“: Заговори за климатските промени

Во 30-тото издание на вестите за млади „Шорткат“ го прикажуваме вториот дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ каде експерти во своите полиња и познавачи на состојбите ги коментираат најголемите митови и заговори. Тема на „Зошто (не) е така?“ овојпат се климатските промени, а дали нештата околу глобалното затоплување се или не се така ни кажуваат Мила Јовановска и Арта Ќерими од здружението „Биди Зелен“, како и Филип Стојановски од Центарот за климатски промени.

Со македонски и украински знамиња, на плоштадот Македонија во Скопје во неделата беше проследен хуманитарниот концерт „Спас за Украина – стоп за војната“ кој се емитуваше од Варшава. Нашата екипа беше таму.

Информираме и за третиот Хакатон за отворени податоци на фондацијата Метаморфозис, за меѓународното тестирање ПИСА за учениците од прва година средно образование кое стартува во понеделник, а ќе видиме и колку всушност граѓаните ги користат електронските услуги на институциите.

Јубилејното издание на „Шорткат“ ќе можете да го погледнете вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Јутјуб и Фејсбук.