fbpx

Основците да не носат маски, предлага Комисијата за заразни болести

-

Да се укине обврската децата во училиштата да носат маски како заштита од ковид, е една од трите мерки што Комисијата за заразни болести ги предлага, а за кои соопшти на денешниот редовен состанок.

„Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, но и на оние критериуми што ги споменавме минатиот пат со кои се обидуваме да ја објективизираме процената на епидемиолошкиот ризик, донесе три мерки“, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Првата мерка, како што рече, е да се укине задолжителната обврска децата до деветто одделение во училиштата да носат маски за заштита од коронавирусот. Тој додде дека, обврската за носење маски останува за наставниците и техничкиот персонал.

Комисијата денес изгласа и одлука за зголемување на капацитетот на посетители на настани во затворени објекти, како што се кина, опери, театри од 50 отсто на 75 отсто и да не се бараат сертификати за примена вакцина или за прележување на болеста на отворениот дел во угостителските објекти

Овие предлог-мерки ќе ги препорачаат до Главниот кризен штаб и до Владата во најскоро време.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ нагласи дека внимателно ја следат епидемиолошката состојба и доколку се зголеми епидемиолошкиот ризик, на сила ќе се вратат истите мерки, но се одлучиле за постапно олабавување на мерките за да дојде до нагло влошување на состојбата.

„Со постепено олабавување на мерките согласно епидемиолошкиот ризик,  доколку успееме на терен да ја контролираме на епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме да не се доведеме до ситуација во која се доведоа Германија, Австрија, Велика Британија и Данска, каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, рече Мехмедовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...