fbpx

Комисијата предлага сертификатот за прележаност од ковид-19 да трае 180 дена

-

Комисијата за заштита од заразни болести предложи ковид сертификатот по прележана болест наместо 45 да трае 180 дена, соопштија денеска членовите на Комисијата по одржаната седница.

„Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот, имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор може да предизвика поголема трансмисија на вирусот, затоа што сертификатот има своја тежина, ги штити оние кои не можат да ги имаат“, рече доктор Злате Мехмедовиќ.

Втората препорака на Комисијата е во врска со Извештајот на Институтот за јавно здравје, според чија анализа на поврзаноста на хоспитализација и смрт од ковид-19 во месец јануари, само шест лица со бустер доза починале, а сите смртни случаи имале уште некоја сериозна болест како дијабет, карцином, кардиоваскуларни болести и прекумерна тежина.

Доктор Мехмедовиќ нагласи дека околу 45 отсто од населението е вакцинирано со две дози вакцина, додека во Данска, на пример, вакцинирани се близу 90 отсто од населението.

Комисијата за заразни болести предложи и дека е потребно да се спроведе скрининг за ковид-19 во училиштата за да се види дали има трансмисија на коронавирусот меѓу учениците, а дел од тестовите да бидат искористени за стратегија наречена „тестирај за да останеш на училиште“. Таа предвидува ученици кои ќе покажат негативен резултат да може да останат да ја следат наставата во одделението каде што имало позитивен случај.

„До Комисијата за заразни болести не е доставено барање за неносење маски во училиште. Не е разговарано за ставот носење или неносење маски во училиштата. Меѓутоа, ставот на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола на болести е дека во затворени простории, меѓу кои и училиштата, треба да се носат маски од шестгодишна возраст па нагоре. Така што, согласно препораките на СЗО и врз основа на протоколите за посетување на настава со физичко присуство, секое дете треба да носи маска“, изјави доктор Мехмедовиќ.

Уште една тема на разговор било и брзите антигенски тестови да им бидат бесплатно ставени на располагање на контакти на позитивни пациенти.

Доктор Мехмедовиќ изјави дека третата препорака е за лекување на пациенти од ковид-19, а протоколот е изработен од работната група при МЗ и од катедрата за семејна медицина во соработка со матичните лекари.

„Препораката е тие да бидат подобро искомуницирани, односно да бидат објавени на сајтот на МЗ и на Лекарската комора и дополнително испратени до матичните лекари, како и ковид-центрите со цел да се олесни достапноста и примената на овие протоколи“, рече д-р Мехмедовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...